Еве јас ви пресметав ви излегува 46000 породилно,но како што знам фондот максимум што дава породилно е 25000 ден.Прашајте во фондот или нека ме поправи некој ако грешам не сум баш сигурна
Да. Ама ама има и максимум. Јас ти реплицирам на ова мислење каде велиш дека фзо изплаќа максимум 25.000.
Девојки да прашам нешто ,појаснување ако може ,термин ми е 3 ти септември ,одам на работа ,имам 15 дена за одмор ,кога најдоцна може да го отворам породилното ,и до кога можам одморот од годинава да го земам догодина ? Сите што ги прашав различно ми одговорија ,не знам кое е точно
Породилно можеш да отвориш најдоцна на денот кога ќе се породиш а одморот можеш да го искористиш најдоцна до 30.06.2021
За одморот највеќе ми викаат 30.05 А за породилното најкасно 28 дена пред термин... Па после зависело од фирма до фирма ,на крај јас сум збунета ,а ми значи секако секој ден дома со бебуш да си бидам
Отвори на нет најди го законот и прати им го..законски е 30.06 да не ти викаат од фирмата така за сега да го искористиш да не го оставаш? Ама ако те запнат сега да го земеш што да им прајш има секакви
Дали е законски да отвориш 45 дена пред термин а да не е патолошка, како што јас го разбирам . Дали ќе требаат копија за трансакции за плати дека си земал секој месец или како оди и друго што треба
Ако си патолошка отвараш 45 дена пред термин,за нормална бременост законот вика 28 дена пред термин,но 99% од трудниците отвараат откако ќе се породат Не ти треба копија за трансакции, треба извод од детето и образец кој се заверува на работа
А образецот од кај се зема ,кој го зема и кај се носи и кога би отворила на 15 август пример до кога би траело ,како се рачуна ?
Здраво женски. Дали знаете кога се оди на патолошка, дали важи просек од 12 минати месеци во работен однос, и потоа за породилно си продолжува истиот износ?
За исплата на патолошка се смета просекот на претходните 12 работни месеци,и за исплата на породилно исто работните месеци,месеците на патолошка нр влегуваат во просек за пресметката
Здраво, јас сум нова на форумов. Сакам да прашам некој дали знае затоа што од секаде добивам различни информации. Пријавена сум како занаетчија и дали треба да минувам нето плата 6 месеци пред отворање на породилно, затоа што не сме обврзани да минуваме, туку да плаќаме само придонеси. Можеби не е за овде прашањево, ама од секаде добив различен одговор па реков да не има некој сличен случај?
Женски малку помош ако може. Која е процедурата за отварање породилно? Кои документи треба да се носат? Прво одам кај матичниот? Мене денес ми е термин. До 7ми месец бев на патолошка. Овие 2 месеци бев со меркиве од владава. Уште не сум породена, ама во план ми е утре да го отворам породилното.
За да го отвориш породолното не ти треба ништо ,одиш кај матичната ти го отвара За паричен надоместок требаат документи,пишува на темава кои
@Kate Rina 93 Матичната може да заведе од кога ти е отворено боледувањето ,а да ти го отвори со документ може од кога ќе се породиш дури ,носиш отпусното писмо од болница и она ти отвара породилно .Пример јас со син ми бев кај матичната на 4јули и реков да ме заведе дека отварам трудничко се породив тек на 22 јули и кога излегов од болница маж ми и однесе отпусното и она ни издаде документ дека трудничкото е отвпрено на 4 јули и трае до таа и таа дата ,тој документ после ќе ти треба за на работа да го однесеш со извод на бебето за да можат да ти средат за исплата на трудничко да почнеш да добиваш .
сеа може да се отвори најкасно до 28дена пред термин, или до денот на пораѓај???? ајде хелп, кој има отворено најкасно пред пораѓај???