Јас на работа бев до 9 вечерта, водењак ми пукна во 11, следниот ден се породив. И нормално отворено ми е на денот на пораѓај. Законски е 28 дена пред термин, и ако сака газдата строго до закони да се држи, може да ти рече дека не може повеќе да идеш на работа. Повеќето не прават проблем, до кога сакаш и до кога си способна да работиш може да си одиш. Повеќето жени не го отвараат породилното толку рано.
ти благодарам на одговорот, газдата не ми прави никакви проблеми, слободна сум во тој поглед така да можно е на термин кога ќе дојде до пораѓај да си го отворам, за што повеќе да си сум со малото подоцна.
Девојки едно прашање..Ако се зема просек 12 мес за поридилно,дали намалемата плата во последните 3 мес поради короната ќе се рачуна така или тие месеци ќе се рачунаат по плата по договор? Дека вондредна ситуација...
Цела фирма намалија плата со одлука ради коронава.ама само 3 месеци сеа се врати у нормала.Не сум на принуден.Дали при пресметка на плата за породилно ке ги земат овие 3 месеци со намалената плата или си гледаат плата по договор???
Битно е по кој основ ја намалиле. Ако е баш намалена плата, ќњ ѕи го намали просекот. Доколку е 70% како трхнолошки не...
Јас сум на боледување од почеток на бременоста, но не на патолошка туку боледување продолжено од комисија. Следно конзилијарно ми е 17.07-17.09. Термин ми е 05.10. Дали комисијата автоматски отвара породилно 28 дена пред термин во случај кога има непрекинато боледување или јас ќе можам пак да го продолжам боледувањето до денот на пораѓај? Дали имало девојка со вакво искуство?
Девојки за породилно од колку последни месеци зимаат просек за плата? И дали месечно ја исплаќаат или се чека?
Здраво дали може да ми кажете што е потребно документација за породилно отсуство што се носи во фирма, што плаќа држава секој месец и за таа исплата за прво дете? Фала однапред
во фирма или фонд се носи отпусно писмо, извод за бебето и трансакциска сметка. За исплата за прво дете има и од социјално и од општината зависно од која сте и дали дава паричен надомест истата.
Јас сум на патолошка бременост од старт па ме интересира дали просекот на плата ке ми биде намален за породилното бидејќи реално 9 мес ке бидам на боледување