нема да ти биде..и јас бев цела бременост на патолошка. За време на патолошка ми исплаќаа 70%, за сега на породилно 100%
Ako se porodite za vreme na godisen odmor dali posle porodilnoto moze da se iskoristay denovite koi bile 'skrateni' od odmorot?
Може, ако породилното ти завршува пред 30 јуни следната година зошто до тогаш важат тие денови. Така е законот. Ако се враќаш од породилно посл 1 јули, деновите пропаѓаат. Но, зависи каков газда имаш, може да се договориш. Јас намерно си ги чував деновите за да ги искористам со бебето, во договор со газдарицата си ги земав откако ми заврши породилното.
Да прашам откако го отворам боледување каде треба да го носам и што уште треба, дали тогаш се поднесува за исплата од фонд бидејќи повеќе фирма нема да ми плаќа? Фалаа однапред
Породилно или боледување? Ако прашуваш за породилно, ќе мораш да почекаш да се породиш. Откако ќе се породиш, носиш отпусно писмо кај матичниот и тој ќе ти даде ИСР образец. Чекаш да излезе изводот на бебе. Трансакциска сметка исто корпираш. Ова носиш во фзо или фирма, како сакаш. Јас носев во фзо.
Ќе добиеш само потврда од матичен гинеколог. Во фзо можеш да поднесеш само после пораѓај. Матичен исто ИСР образец може да даде само со отпусно писмо. Така да, колку порано отвориш, толку повеќе ќе чекаш исплата.
Мојот матичен е на одмор до 17 ти, дали може да се отвори породилно после една недела на пример ако се породам на 12ти.
Ова државното катастрофа е значи, замена во друг град му е на мојов доктор. А јас идам на приватно сепак на него ке звонам за време на одмор за дополнителни информации
Мојот матичен е на одмор, боледувањето го продолжив кај докторот што му е замена. Среди си навреме, запази ги датумите.
Има ли некој порано што отворил породилно. Јас планирам 15 дена пред термин да отворам за да не сум на терет на фирма на пола месец. Треба да однесам во Фонд документи а накнадно пак да одам да однесам Отпусно писмо здравје после пораѓај?
Може може се јавуваш ти отвараат онлине после доставуваш документи: отпусно итн. Јави се на матичниот ке ти даде подетални информации
може. Што ако те задржале во болница подолго и отпусно ти дадат покасно?! Јас отворив после 5 дена бидејќи секако излегов од болница во недела, па дури следниот ден можев кај матичен. Ништо не носиш во ФЗО дур не се породиш. - ИСР од матичен (ќе ти го даде само кога ќе однесеш отпусно писмо) - извод од бебето - трансакциска сметка.