Здраво на сите. Ајде и од мене прашање. Терминот за пораѓај м ие на 17 септември. Породилното ќе го отворам на 7 септември. Договорот и осигурувањето преку фирма ќе престанат да ми важат на 30 септември. Дали ќе имам прво да земам породилно (т.с. пари во следите 9 месеци откако ќе го отворам породилното) и покрај тоа што нема веќе да бидам осигурена од 30 септември? Или ..морам да најдам др фирма да ме осигури од 30 септем. без прекин во стажот? Фала ви, поздрав
Ако го отвориш породилното, нема да може фирмата да те одјави. Одјавување дури кога ќе прекине породилното за 9 месеци. Во тие 9 месеци нема никаква обврска фирмата кон тебе, те исплаќа фондот.
Ти благодарам за одговорот @CareTee Всушност за време на тие 9 месеци јас СЕ УШТЕ ќе бидам осигурена преку фирмата - па кога ќе завршат тие 9 месеци ќе престане и самото осигурување?
Не сум 100% сигурна, но доколку по истекот на тие 9 месеци, ти не се враќаш на работа, би требало да те одјави самата фирма, мислам дека по автоматизам си продолжуваш да си пријавена кај нив се додека не те одјават.
Кога најрано може да се отвори трудничко боловање збориме за прекинато патолошко боловање вратена на работа и сега кога најрано може да се отвори трудничкото?
Здраво да прашам и јас нешто. Боледувањето ми е отворено од денес и ми е одобрено од комисија до 18ти бидејќи од 19ти ќе ме водат на породилно (45 дена пред термин) нели автоматски го отвараат. Сакав да прашам дали за тие 18 дена од месецов ќе бидам исплатњна од фирмата кога они ќе земат плата нареден месец или како? За тие останатите денови како што сфатив кога се отвара 45 дена пред термин ќе треба да чекам да се породам за исплата?
Женски имам едно прашање до вас . Ради ситуацијава од фирма ми каснат со плата, требаше денес ама ништо,чекаат прилив :/ за мај и јуни ги пуштија на едно во јули :/ може пак исто да се деси. Но сега на здравствено ми стои дека ми важи до 31.08 , дали ке ми прават проблеми за породилно ако следен медец ми пуштат за јули, и дали додека ги пуштат ке бидам без здравствено :/
Дали породилното е официјално продолжено до крајот на месецов? Се ми се врза во глава дека е, а не можам да најдам инфо. Јас технички утре треба на работа да почнам, а само сега ми текна да си проверам
Јас сум на ппродилно до 6 Септември, треба да искористам 2 недели летен одмор и да почнам со работа. Прашањето ми е дали поради ситуацијата е продолжено породилното или не? Каде да се јавам за да прашам?
Исто и јас до тогаш сум. Не се знае ништо, кај и да се јавиш ќе ти кажат нешто колку да те откачат. Официјална информација нема, во 5 до 12 ќе ја добиеме па ќе биде снаоѓајте се како знаете
Во фонд мора да знаат..ако е продолжено треба на 06.09 да ти издадат решение. Ама ако отворат градинки нема да сте ослободени. Мислаж фонд треба најдобро да знаат
Ама во градинка нели не ги примаат додека не ја примат вакцината на 13 месеци? И ако еден родител е невработен не го земаат детето во градинка, дека нели има кој да го чува.
Па на неколку пријателки така им кажале, и со врски и без врски. Додека не ја прими таа вакцина нема одење во градинка. И јас затоа се водам по тоа, дека нема да ми ја земат, а би ми олеснало многу.
Мислам дека сте грешка прашајте во градинки. Ако е ова точно значи породилно треба 13 мес да трае. Многу колешки ги пуштија децата на 9мес кога им заврши породилното...инаку ова нема логика кој би ти го чувал а ти мораш на работа.