Опција ми беше отказ да дадам.. Ќе прашам. А бараат ли потврди од двајца вработени родители, за да го земат во градинка?
Не слушајте рекла казала такво нешто не е логично да постои . Не може породилно да заврши на 9м а дете пред 13м да не смее во градинка. Едно со друго нема логика. Тоа негователките да не си дрндаат. Да сестра ми и зет ми двајцата носеа дека мора и двајцата да се физички присутни на раб место
Кога беше епидемија бараа задолжителна вакцина. Истата може да се прими и пред 13 месеци, со тоа што после се прима уште една доза (бустер). Сега примаат без, ама на 13 ќњ ви бараат да ја прими за да продолжи.
Мислам не. Се што беше под 12м беше предмет на ревакцина (бустер). Пишуваше и во упататвото од вакцината. Види што боцкаат сега (кој производител) и види го упатството на нет.
@Starlič пред коронава доколку двајца родители беа вработени носеа потврда и детето во најбрз можен рок го примаа во градинка (нормално требаше да има чисти брисеви од нос и грло), немаше врска вакцината... (доколку само еден родител е вработен е друго, како што кажа сама има кој да го чува детето и приоритет беа децата со двајца вработени родители) и сега мислам дека ќе биде така но најдобро да си прашате со повреме во градинка таму најточно ќе Ви објаснат
Пренесувам како ми кажаа значи. На колешка золвата требало да почне сега од 1ви септ. на работа, ама и рекле до ноември е продолжено, да си седи. Колку е точно не знам.
Моментално немаат вакцини, ме вратија. Дефицитарни биле, предност ако стасаат имале првачињата и децата во градинка што треба да почнат.
Тoа е вистина дека немoже без таа вакцина вo градинка. Евентуалнo да си гo бoцнеш дететo пoранo. Ептен нема лoгика ,а штo има лoгика каj нас
Од градинка во Ново лисиче вработена ми има кажано дека сега од скоро, пред коронава примаат бебе без мрп да оди до 13м и тогаш треба да ја стави, ако не ја стави го отпишуваат. Во време на епидемија на морбили и на 9м мораше да ја имаат примено.
Здраво Имам едно прашање за тие што отвориле породилно 45 дена пред термин. Јас на 31.08. треба да бидам на породилно (45 дена пред термин) па сакав да знам точно како оди процедурата. Кој го отвара породилното, кога треба да се поднесат документите во фонд и кои документи се потребни. Слушнав дека откако ќе се породам се поднесува, тогаш што е со тие 45 дена претходно, како ќе се водам на фонд или на фирма?
Со самото отварање на трундичко спаѓаш под фонд не си под терет на фирмата колку што знам фирмата си ги носи во фонд документите и после си чекаш за исплата од фондот
Здраво..бремена сум 3 месеци терминот ми е на 11ти март...сакам да се осигурам во една фирма на едни пријатели за да земам породилно ама незнам дали ке имам 6 месеци ако се осигурам овие дена ..ве молам за мислење
Со оглед на тоа што треба да се прави пријава на работно место, отварање на породилно и изработка на плати, прашај во фирмата да ти објаснат. Поточно сметководството каде што ќе се изработуваат платите. Можеш да прашаш и во Фондот.
Тоа ми е јасно само сакав да знам кога го отвара матичниот гинеколог породилното. Дали на датумот што го одреди комисијата 45 дена порано или откако ќе се породам. Поздрав
Дали знае некој е продолжено породилното отсуство за родилките што им истекува боледувањето во Август? Мислев поради мерките за коронава.