Јас имав отворено од 01.10 а на 06.10 се породив породилно 45 дена пред термин можеш да отвориш Матичен не ми побарал нит отпусно писмо ни извод. На работа го дадов образецот да си регулираат исплата а после пораѓај им пратив извод од бебето
Вака да прашам до 22. 10 ми беше патолошката од 23 отворено породилно но сеуште нема исплата им пишав ма маил кога ќе има ми пишаа да доставам породилно но јас сеуште не сум породена термин ми е 6ти декември дали тоа значи дека ќе треба да се породам па кога ќе поднесам породилно ќе ми ја исплатат последната патолошка
Не би требало. Не е исто патолошка и породилно. Нема врска дали си породена, патолошката треба да се исплати.
Па незнам зошто така ми пишаа. Не ми враќаат на маил им звонам не креваат ќе треба да идам у фонд да си прашам најубаво
Здраво, сакам да прашам како оди процедурата за отварање породилно пред терминот за породување. Законски колку време пред пораѓај можеш да си останеш дома, да не одиш на работа? И какви документи се потребни за отварање породилно пред да се породиш? Кој ти исплаќа тој еден месец пример ако отвориш породилно 1 месец пред терминот, фондот или фирмата ти плаќа боледување? Ако знае некој подетално нека ми објасни.
породилно најрано 45 дена пред пораѓај се отвара кај матичен лекар , тоа го плаќа фонд , документи до пораѓај не се носат , после пораѓај се зима образец од матичен и се носи на работа па исплатата е дури после доставените документи , до тогаш исплата нема .....
И јас имам прашање ако некоја од вас имала ваква ситуација би ми значело искуството Боледувањето за патолошка бременост ми заврши на 21 .11 до крајот на ноември ке земам и боледување од општ лекар Од 01.12 сакам да го искористам одморот од 2020 имам уште 13 дена што би значело дека на одмор ке бидам до 17.12 а породилно треба да отворам од 18.12 терминпт ми е на 24 Е сега прашањето ми е дали ако се породам порано односно додека ги користам деновите од одмор може породилното да го отворам од 18.12 како што планирав предходно или мора да биде отворено на датата кога би се породила Извинете на долгиот пост се надевам ме разбравте што сакам да прашам
Породилно не може да се отвори подоцна од денот на породување. Што значи, ако користиш одмор и се породиш на 15.12,на пример, породилното ти почнува од 15.12.
Zdravo na site edna molba do vas da mi objasnite kako odi procedurata so porodilnoto ako mozi? Drugata nadela treba da go otvoram t.e kaj 7 dekemvri a termin mi e 2 januari ( nejkev tolku rano da go otvoram ama radi koronava nemozam da odam na rabota a veke boleduvanje obicno koristam) Objasnetemi vo vrska so dolumenti kaj treba da gi odnesam i sl. Pls
Породилно можеш да отвориш пред да се породиш 45 дена, но не после породување. Што значи кога ќе ти заврши боледување или одморот, по твој избор отвори породилно одма. Од тој датум наредни 9 месеци ти трае породилното. Само кај матичната идеш и ти отвара боледување. Потоа следно кога ќе се породиш матичен ти кажува што ти треба. Не се оптоварувај. Сега за сега ништо не ти треба. Инаку и јас отварам породилно од 17 декември а термин ми е 25 јануари. Притоа ме примораа на работа уште од сега да потпишам спогодба. Не им се свигаше што отворив боледување кај матичната, а тек потврдата за ослободување од КОРОНА нејќе ни да слушне. Катастрофа.
Ок фала ти многу сега то е што да се прави арно и вака со обично боледување подискористив скоро месец да неодам наработа пред породилно, понатаму ке мислиме шо како, нека помини се како што треба
Ајде и јас да се надоврзам на прашањето, кога го отвараш породилното порано од терминот, пример 1 месец пред терминот, работодавачот нема обврска за тој еден месец да ти пушти плата нели, си течи прв месец од породилно, па тек кога ќе се породиш, одпосле ти плаќа фондот како прв месец од породилно. За жал поради короната многу сме приморани да си отвориме порано породилно...
Neli mozes da si zemes boleduvanje nedela dve dali od maticen obicen ili od ginekologot...neka smisli tamu da pise nesto de
Гинекологот или матичниот ќе ми дадат секако некакво боледување, ама еве јас го мислам работодавачот да не се мурти, цело време ни труба на главите дека е кризна година бла,бла, покрај короната се некој е во изолација или болен и знам дека ќе се мурти да останам дома толку рано па еве си правам јас у главата калкулации како да ја изведам без да мрчи тој. Ако земам боледување пример 2/3 недели порано, не ли сум на негов товар, фондот ли плаќа за боледувањето, или ми плаќа тој 70% од платата? Како оди тоа со боледувањето, никогаш не сум користела боледување за овие 5 години дур работам во таа фирма, па не ја знам постапката. ...работам со клиенти, каде има доста фрекфенција на народ затоа сум преплашена.
Boleduvanje do 30dena go plaka rabotodavacot i ne treba da mrci posto tebe ti sleduva plateno otsustvo ili rab od doma.
Отворате боледувања на измислени дијагнози, и после кога некому навистина му треба му прават проблем, па работодавци се лутат трала трала ла
Кога немаат друг избор што да прават? Во коронава на каса ли да работат? Те молам и работодавците некогаш не се фер. Постојат мерки за џабе. А ограничувањата на број на боледувања за три месеци кај матичен се фиктивни.