Мене докторот не ми даде боледување оти биле ограничени со боледувања. Ми даде само потврда дека сум бремена и ослободена од работа во време на пандемија со ковид. Ептен се изнервирав. Имам болки во половината, стомакот и нозете и сакав барем 1 недела дома да одморам. Шефот ми кажа може 1 недела 2 да поседам дома, не било проблем. Секако од јануари отварам породилно
За гинеколози незнам точно , но и тие се матични. Кај матичните да постои ограничување колку боледувања може да даде според број на пациенти,но никој не прави проблем ако се надмине таа бројка.
Фирмата каде што работев ја затворија уште во април. Бев осигурана до пред еден месец, и пред 2 недели ми кажаа дека ке ме одјават и скоз ке ја затворат. Така да плата на картица ми нема поминато од мај. Бремена сум веќе 2ипол месеци и времето да се осигурам некаде ми е ептен кратко. Пријатели можат да ми завршат работа, да ме осигураат 6месеци, јас нели да си плаќам придонеси. Ме интресира дали 6 месеци е доволно, зошто некаде погоре прочитав дека породилното отсуство се смета врз основа на последните 12 плати? Дали е проблем зошто јас веќе 7месеци немам земено плата. И исто колку пари се сега придонесите?
Минимум 6мес треба да си вработена и се гледа платата од тие 6мес и толку ти е породилно Пријавувај се одма штом имаш можност
Колку плата ке ми пуштаат тие 6 месеци после толку ке зимам породилно 9 месеци? Иначе матичната ми вика можеме да ти го отвориме 1 месец унапред во случај на бебе да му текне да испадне пред краен термин. Како е можно тоа кога јас 5 месеци ке бидам до тогаш осигурана? Ептен сум кнап со време, ама тоа е шо да се прави
Тоа искрено не знам Знам дека мин 6м треба да си пријавена на работа и колку што ти е платата тие 6м ќе ти биде сите 9 мес Сигурно ќе пише некоја повече што знае за ова отварање породилно
Моја другарка вака беше кнап и со датум на раѓање дури, се молеше да надмине дата да има 6 месеци. Знам дека со 5 не може,она баш броеше денови да фати 6 месеци и да се породи. Среќа добро помина,платата е колку тие 6 месеци што зимаше.
@Milkiway @jarec6 Фала ви многу за информацијата. Незнам што да правам, ако не фатам за некој ден џабе ке плаќам 5,6 месеца а како што знам 100евра се придонесиве. Ама ако истрам до крај... ке се молам и јас како другарка ти
А тебе кога ќе те одјават ? Да не не си уште одјавена? Да си фатела на време на пример те одјавуваат на 10.12 а ти на 11.12 се пријавуваш во нова фирма тогаш нема да имаш прекин во стаж и ќе си зимаш нормално породилно колку и да си во новата фирма.
Одјавена сум веќе 2,3 недели, не им ни кажав дека сум бремена, секако ке си најдеше дупка да ме одјави како шо си наоѓаше за се 5 год додека работев таму. И одма преку сопругот се пријавив здраствено. Немав кој да ми направи услуга и сега еве ми испадна шанса ама јас сум 11 недела, краен термин (40недела) 3јули, ама док ми вика од 3ти јуни натаму не се знае коа ке му текне ... а мене најрано да ме осигураат до 20декември, ке морам да бидам осигурана до 20јуни. Иначе надвор од темава со 2спонтани и 1 биохемиска коа ме одјавија си реков што сакаат нека прават само да е се во ред, ама еве ке примам клексани до крај, вит се поскапи одделни пијам, утрогестан по 2,3 на ден,и знам ке требаат пари кога ке дое бебе. Ама ако на крај испадне и придонесиве да ми бидат бадиала
Мислам дека ќе си на време Сега докторот ти ја знае историјата ама пак никој не може да предвиди ти рачунај после 38ма недела пораѓај Најдобро и со фонд да видиш
Колку време пред термин се отвара боледување? Сега со меркиве за ковид, сигурно ќе ми бараат од работа да го отворам најрано што можам.
Мене ми е од 01.10 отворено пишав во фонд на 03.12 ми одговорија за 2-3 недели да чекаме породилно за 10ти и 11м До крај на декември треба да добиеме за тие 2 месеци
Не сум патолошка, ме интересираше колку најрано може да се отвори, затоа што сигурно ќе ми бараат од работа да отворам порано, ако продолжат меркиве за вирусов, до март.
Кoи дoкументи се пoтребни да се oднесат вo фoндoт за паталoшка? И какo е пoнатака прoцедурата за паталoшкo бoледување, се нoси секoj месец? Вo мojoт случаj треба сама да нoсам oд фирма не ми нoсат?
Momentalno ja sum osigurana od 12.06 i seuste sum od koga treba da sum osigurana za da fatam porodilnoto koi dokumenti treba za da podnesam baranje i seuste nemam zemeno porodilno otsustvo a sum na 11dena do termin