Веќе фаќаш породилно.а за документи одкако ќе се породиш со отпусно писмо кај матичниот и тие ќе ти кажат што понатаму. А предвреме ако сакаш да отвориш исто кај гинекологот се јавуваш но ќе ти издаде документи по пораѓај
Вака, на патолошка сум скоро 5 месеци, е сега породилното треба да го отворам 30 дена пред термин или 45 ?? И дали сега ќе ми ја пуштаат цела плата што ја земав додека работев или ќе рачунаат некој просек од патолошката, а да и дали ќе ми дадат некој документ кај матичниот дека ми е отворено породилното или документ даваат после раѓање.. доколку некој сака ве молам да ми објасни... фала ви
Зависи од комисијата дали сакаат да ти продолжат, мене патолошката ми е до 31.12 Тоа е 27 дена пред терминот, ќе земам боловање од општата матична 1 недела, и некаде од 8ми ќе отвориме породилното. Документ од кај матичната мислам се дава откако ќе се породиш и ќе те отпуштат од болница. И тогаш го носиш во фондот. Колку си земала патолошка ( 70%) породилното ќе ти е 100%. Пр патолошка 70 ден од саат, породилното 100 ден саат.
Породилното треба да го отворам пд 19.12 значи сабота со тоа што матичниот не раб. Во саб. Дали може во понеделник да го отвори со датум од сабота значи 19.12... и дали треба да однесам во фонд нешто?
Можеш, моето тррба од 01.01.2021, јас на 4ти сум на контрола ќе го отвориме тогаш за од 1ви. Не треба ништо да носиш во фондот, дури после пораѓај.
Не знам како може да си осигурана а плата не ти поминало од мај како и да е, боледувањето можеш да го отвориш на денот на раѓање, јас така со двете направив. Секако не одиш на работа реално, така да немаш потреба. Породилното се смета просек од последните 12месеци, со тоа најдобро да прашаш некој правник што со фирмата каде што си работела претходно. Сепак ако се пријавиш сега и поминеш 6месеца ќе земаш сума на која ќе си пријавена во сегашната фирма. придонесите се 40% од нето платата. пример ако си пријавена на 15000 да земаш на сметка брутото ти е 21900, што значи дека придонесите се 6900. Инаку минимална плата е 14932 на таа придонесите се 6842 денари.
Девојки моментално користам боледување од матичен лекар и ми трае до понеделник. Од Вторник ќе отворам трудничко, ме интетесира следново. Матичниот гинеколог и сестрата се во изолација денес ѕвонев никој не ми крена... Дали може замената да отвори трудничко или ? И дали не дај боже ако не најдам никој до вторник може да се внесе боледувањето одпосле или?
Сега звонев, никој не крева. На 025103000 на фондот. Многу каснат, помина месецот, уште немаме, трошоците си идат.
Добро како ги прават овие групи не ми е јасно ,првиот месец земав на 10 ти вториот на 14 ти третиот на 17 сега еве 21 дојде овие појма немаат... А таман се радував дека не ми е многу разлика од платата...
Здраво Ве молам ако можи да ми помогните Бремена сум 5 недели и моментално вработена во приватна фирма Договорот ми истекува на 31 декември на три месеци потпишуваме договор така да до 15 јануари би ни го дале новиот договор да го потпишиме но неможам да издржам на работа многу лошо и мачно мие Така да ако ми потпиши геникологот боледување од утре 29.12.2020 и да се водам на патолошка бременост дали можи да ми направи работодавецот проблем бидејќи договоров ми истекува на 31.12.2020 дали можи да ме одјави иако сум на боледување
Може да те одјави Завршува договорот нема одговорност пред закон. Да беше на неопределено тогаш не смее да те отпушта. Извини сега убаво те прочитав да се едитирам за боледувње мислам не смее ама ај нека каже некој посигурен
Додека си на боледување не може да те одјави,затоа земи си утре одма не чекај да дојде 31.12 Матичен секако до 15 дена може да ти отвори,па после ќе бркаш за патолошка. Јас сум во твојава ситуација, и покрај сите закани не ме одјавија зошто не може.
Може да те одјави на мајка ми така и напрсвија имаше отворено боледување а тие без да и кажат ја одјавиле од рсбота зошто и завршил договорот. Се распрашувавме тогаш и законски тоа смеат да го прават.
Здраво на сите, Нова сум на форумов и незнам дали веќе е одговорено прашањево. Ме интересира, дали породилното отсуство се плаќа 100% од износот на просечно исплатената плата во последните 12 месеци? Дали има некој максимален износ, или баш е на целиот износ (без разлика колкава е платата). Фала однапред за одговорите