Матичниот гинеколог ти отвара породилно,а кога ке се роди бебето дури тогаш се носат документи во фондот,ке ви треба извод од бебето,потврда за уредна бременост и документот за боледувањето
На другарка и фалат 10 дена за 6 месеци стаж, а се породи порано. Дали кога ќе направи 6м може да оствари право на породилно?
На другарка и направија проблем и за 1 ден, така да не знам баш, нека си види убаво, можно е да не и следува, треба да ја прашам што направи, зошто последно и кажаа дека не и следува.
Потврда за уредна бременост и документ за боледување го земам од кај матичниот или како? И колку е рокот откако ќе се роди да се заврши оваа процедура, дали знаеш?
Да,од матичниот. Откако се роди што побрзо средите и поднесете документи побрзо ке ве исплатат од фондот за породилно.Јас за некои 3 недели средив и поднесов во фондот
Може маж ти,копија од л.карта и копија од трансакциска сметка обавезно,извод од бебето,боледувањето и потврдата од гинеколог
Супер чим така. Затоа што ако треба нешто од работа ќе требаше сама да си средувам, па да знам со време. Фала
Би сакала да прашам нешто, можеби е глупо прашањето ама не ми е баш јасно. Ми закажаа термин за породување на 2ри Март, е сега јас породилното боледување сакам да го отворам од 1ви Март, и сега пред да се породам треба од матичен гинеколог да си отворам боледување пред да се породам така? И друго прашање имам, пример плата за Февруари ќе пуштат дури на 15ти Март, дали јас ќе останам без здравствено осигурување овие 15 дена соодветно и денот на породувањето, и ќе има некаков прекин од 15 дена додека да пуштат плата, па тоа дали ќе влијае и на платеното породилно? Или веќе ќе биде отворено боледувањето па нема да има никакво влијание тоа што ќе биде исплатена платата подоцна и ќе немам платено придонеси за здравство на денот на породувањето? Едит: од друга страна законски рокот за исплата на плата нели е до 15ти? Па малку се плашам да не се јави некој проблем околу тоа, па накрај да не ме следува платено породилно, и пораѓањето да си го платам на приватно?
Е да тоа ме интереаираше и ме мачи дали ќе сум покриена за последниот работен месец, иако платата ќе ја исплатат одпосле откако ќе се породам.
Датумот на исплаќање на платата нема врска со тоа,здравственото ти е во континуитет дури не отвориш породилно,не се секирај.
Edno e koga ke ti ja isplatat a drugo e za koj period ti ja davaat. Platata ti e do 28.02 ko sto ti pisaa, a moze i vo juni da ti ja isplati firmata nema veze toa.
Дали породилно мора да се отвори 28 дена пред терминот за породување или може и покасно? Дали би можела некоја да ми објасни како оди цела таа постапка на отворање породилно и кога точно се почнува? Благодарам
Со оглед на ситуацијава дека сме ослободени од работа,зборев со матичната и јас ќе го отворам на денот на породуваењето.