Венчаница и книшка твоја ќе однесе во фирмата кај што работи и ќе те осигураат одма. Ама нема да земаш трудничко ако на тоа мислиш, ова е за да имаш здравствено.
Крај на февруари поднесени документи, уште немам решение. И патолошката ми доцни, па си мислам да не има некој проблем. Не ми е исплатена патолошка од јануари Има некој меил да пишам, или да барам на тел? Во мојот град да се јавувам или? Кај се обраќате во ваков случај?
@LivingGlam во Охрид поднесе? Зошто кај мене чудно ажурни испаднаа, јас поднесов средина на февруари, веќе средина на март ми исплатија...а решение не ти треба за исплата...кај мене стигна ама и да не стигне не е поврзано со исплатата
Здраво, дали ако бидам одјавена утре со денешен датум, а утре ме пријават во новата фирма ќе ме следува породилно?
Ако си одјавена со датум 31.03 и пријавена од 01.04, ти следува (секако минимум 6 месеци непрекинат стаж мора да имаш до отворање породилно).
Не ми кажуваат со кој датум ќе ме одјава, новата фирма проба да ме пријави денес ама не можеше затоа што не ме одјавиле денес иако ми истекува договорот денес 31ви.
Епа по логиката на нештата, ако ти е договорот до 31ви, би требало да те одјават со утрешен датум (може сум грешка, само претпоставувам). Како и да е, и да те одјават со денешен, ти договори се со другава фирма одма да те пријават на наредниот датум за да немаш прекин (ако си одјавена на 01.04 да те пријават на 02.04 или примерот од горе).
Дали ако пример сум пријавена на 5.10.2020 па до 5.04.2021 се рачунаат како шест месеци веќе да имам стаж и право на породилно? Или има нешто плус минус во деновите со пресметка
do 05.04.2021 se 6 meseci staz. Odnosno do 04.04.2021. Nema vrska denovite. Mesec od data do data se smeta
Женски да ве прашам, моментално сум невработена но доколку се вработам пример од 1 Јуни и во меѓувреме останам бремена колку време треба да одам на работа за да може целосно породилно да ми следува и како оди тоа со пријавувањето од работа? Што да барам при вработување пример за да немаат можност да ме зезнат? Колку % е породилното? На колку плата/дневница и саати треба да сум пријавена? Моментално работиме на случај за бебче но сакам и да се вработам (прво работно искуство ќе ми е) и навистина ми е битно да ги знам сите детали околу ова.... Секое инфо ќе ми е добредојдено
Треба да имаш 6 месеци непрекинат стаж за да ти следува платено породилно отсуство. Значи максимум да си 2-3 месеци бремена додека да почнеш да работиш, под услов да немаш прекин до крај на бременост (многу често приватници испуштаат трудници во рана бременост); Пријавувањето си го прави самата фирма, ти плаќа придонеси за пензиско и здравствено осигурување; Најмала можност да те зезнат е со потпишување договор на неопределено време. Воглавно првите договори се месец за месец или на три месеци.; 100% е породилното, просек од не знам колку последни плати (дали 6, дали 12); На 40ч неделно. Мислам дека сум точна за инфото. Ако не, ќе ме корегира некоја членка што знае сигурно. Дај Боже што поскоро да си се вработиш и да ви се оствари желбата за бебка.
За оние кои ги интересираше колкав надомест ќе земат за време на породилното: Според Законот за здравствена заштита вака се пресметува: Основица за утврдување на надоместокот на плата Член 16 Основица за пресметување на надоместокот на плата претставува просечниот месечен износ на исплатената плата на која е платен придонесот за задолжителното здравствено осигурување во последните дванаесет месеци пред настанувањето на случајот поради кој се стекнува правото на надоместокот. Ако за осигуреникот не може да се утврди основица за надоместокот според став 1 на овој член, основицата за надоместокот ќе се утврди од платата што ја остварил за деновите поминати на работа во периодот пред настанување на случајот. За осигурениците од член 5 став 1 точка 3 на овој закон, основица за пресметување на надоместок на плата претставува основицата на која е платен придонесот за задолжителното здравствено осигурување. Висина на надоместокот на плата Член 17 Висината на надоместокот на плата за време на привремена спреченост за работа ја определува работодавецот, односно Фондот со општ акт, но најмалку во висина од 70% од основицата за надоместокот на плата. По исклучок од став 1 на овој член висината на надоместокот на плата за време на привремената спреченост за работа предизвикана со повреда на работа, професионална болест, за време на давање крв, ткиво или орган, како и за време на отсуство поради бременост, раѓање и мајчинство изнесува 100% од основицата на надоместокот на плата утврдена според член 16 на овој закон. Висината на надоместокот на плата пресметан врз основа на членот 16 на овој закон не може да биде повисока од износот на две просечни месечни плати, три просечни месечни плати во 2012 година и четири просечни месечни плати по 2012 година исплатени во Републиката во претходната година.