Инаку мене ми истече договорот на 31ви март и не ми го продолжија повторно, крај ма 7ми месец сум бремена. Не ме одјавија истиот ден, туку нареден и автоматски се направи прекин во стаж. Денот на одјава исто така се плаќа. Ако ти е договорот до 31.03. тогаш ќе те одјават со 31.03. За да нема прекин во стаж треба да се пријавиш со 01.04 во друга фирма Цццц какви газди има. Нека се засрами твојот газда. Јас за да немам прекин а ми истече договорот му реков да не ме одјавува и ќе му ги платам придонесите. И за среќа се согласи. Дали породилно се отвара 45 дена порано без никакви проблеми или треба да имаш мислење од доктор?
Дали некој може да ми објасни што се случува со породилното отсуство во случај на загуба на бебе.Дали исто трае 9 месеци,кои права ги имам во тој случај?Јас моето бебе го изгубив 3 дена после породувањето.Исто ме интересира дали имам право на помошта за второ дете која вообичаено се дава?
Знам дека и за породилно и за парична помош бараат извод од бебето... Сепак обиди се да дознаеш во фонд за породилното. Ти праќам силна гушка
Член 168 (1) Ако работничка роди мртво дете или ако детето умре пред истекот на отсуството поради бременост, раѓање и родителство, има право да го продолжи отсуството за време колку што според наодот на лекар е потребно да закрепне од раѓањето и од психичката состојба предизвикана со губењето на детето, а најмалку 45 дена, за кое време и припаѓаат сите права врз основа на отсуството за бременост, раѓање и родителство. (2) За време на отсуството од ставот (1) на овој член и членот 165 став (2) на овој закон, работничката има право на надомест на плата според прописите за здравствена заштита.
@Pacient srna Честитки Мајка Така и ќе направам немам чаре друго, фала ти. @Prolett Беше ли на ГАК како помина? Многу ми е жал за загубата. За помош за второ дете не ти следува бидејки нигде нее заведено и нема извод на родените. Породилното мислам дека ќе ти го прекратат бидејки завршило какп што завршило. Мораш да пријавиш на време бидејки може казна да плаќаш. Мене така ми наговестиа сега и од фирма што и да се случи да пријавам на време.
Многу ми е жал за загубата. За помош за второ дете не ти следува бидејки нигде нее заведено и нема извод на родените. Породилното мислам дека ќе ти го прекратат бидејки завршило какп што завршило. Мораш да пријавиш на време бидејки може казна да плаќаш. Мене така ми наговестиа сега и од фирма што и да се случи да пријавам на време.
Во фонд за здравство се носе породилно, копија од трансакциска сметка и извод од умрените или отпусно писмо(или обдукциски наод) било каков документ што ја докажува смртта. Имаш право на 45 дена породилно, од денот на смртта. Друг паричен надоместок не следува. Прими сочувство! Го поминав истото, знам колку боли! Но, биди силна!
Поздрав девојки, термин ми е 18ти Јули. Во фирмата во која работам осигурана сум од месец октомври. Сакам да прашам кога најрано можам да отворам породилно? Дали и колку денови ми следува одмор? Дали можам да го отворам породилното од први Јуни?
Породилното може да се отвори најрано 45 дена пред термин така да можеш да го отвориш на почетокот од јуни. Само имај на ум дека вкупно имаш право на 270 дена породилно во кои влегуваат и тие 45 дена. Значи ако нешто искористиш пред породувањето тоа ќе се одземе од 9те месеци откако ќе се роди бебка. И цел одмор да ти следува мислам, ама не сум сигурна како е со договор на определено околу одмориве.
Вработена сум во државна институција и користам ковид мерки уште од почеток на бременоста и на работа ми рекоа породилното да си го отворам на денот на породувањето ама блиските ми викаат дека од работа незнаат и дека според закон морало 28 дена пред термин да се отвори и дека матичната немала да дозволи на денот на породување.Нема логика ова.Какво искуство имате вие,кога отворивте породилно што користите ковид мерки
Си знаат од работа кај тебе како е, може на денот на породување. Не отварај порано ќе си скратиш денови со бебчето.
Devojki i mene me sovetuvaa boleduvanjeto da go otvoram na datumot na poroduvanje. E sega sto ako se desi da se porodam za vikend, togas maticniot ne mi raboti. Moze li podocna da se otvori za datum nanazad ili da si go otvoram so vreme?
Јас се породив во петок ама трки фрки и дури понеделникот се јавив кај матичната...нема гајле и од после може да се отвори всушност таа бира датум да внеси ти кога ќе и се јавиш
Ај кој знае да ме просветли... Од 14 февруари ми е отворено породилното, јас се породив 05 април, сега од 14 ф.до 05 а. како ќе ми биде платено?Како патолошката 70% или како породилно 100%, пошто не сум била породена до април, ама па од друга страна си викам би требало 100% ..?!