Мислам дека породилно ќе ти биде пуштено за тој период 100%..само поднесете документи колку можеш побрзо да не чекаш многу за исплата.
Која општина си? Некои бараат потврда за приходите на партнерите да не надминува одредена сума. Ова за Карпош.
Провери на сајтот на општината. Најчесто на самото барање кое ќе го пополниш пишува со кои документи треба да биде пропратено. Инаку верувам дека изводот е must за секоја општина. Не заборавај, ти следуваат и 5000 за прво дете од министерство за труд и социјала
Кај мене мислам општината не дава, Гази Баба инаку. А за од социјала кај се поднесува,јас за тоа мислев треба во општина
Јарче ,гази баба не дава 5000,само социјално мила.Се поднесува во општина гази баба док.во бараката за социјално што е
Е за од социјала, за секоја општина има посебна ка Сега проверив на сајтот, вика ул. Архимедова бр. 2 барака 3 дека е за таа пофрачна единица, ваљда е истото што ти го пиша абц
Девојки јас сум на породилно од 15.02 бидејки се водев како патолошка а се породив на 25.03. Уште немам поднесено никакви документи с денес ми стигна исплата колку што ми е плата од фирма.. се чудам не знам што е работа, од сега плата ли ќе зимам?
Значи следуваат 5000 ден за прво дете од министерство за труд и социјала и + од општината? Ако добро те сфатив, документи треба да се поднесат едни в општина, едни во министерство? Или грешка разбрав?
Ве читам и се чудам во нашава држава се зошто да е просто кога може да биде сложено...Општина Охрид дава 5000ден за прво родено дете и ако се породиш во Охрид т.е. Охридската болница некаде не аплицираш буквално... Болницата си доставува податоци во општина дека таа и таа мајка родила дете и во болница ти бараат само да им издиктираш трансакциска сметка и крај...За еден месец пари на сметка.. Ни поднесување, ни документи, ни шалтери. Е сега тие што ќе се породат Скопје, Битола и слично а имаат охридски адреси сигурно има некој процес на апликација и поднесување документи ама за тие што ќе се породат во Охрид толку беше лесно јас се зачудив нешто во државава да биде средено.
Девојки на трудничко боледување сум до 34 недела и ме тераат да го отворам породилното. Дали можам да барам до 36 недела ? Преку фондот давале и две недели прво ми рече докторката а сега ми вели да го отвориме а омам нормална бременост