Мајки ме интересира ако знае некоја. Фирмата редовно префрла плата околу 20-25ти во месецот. Е сега овој месец касни со исплатата, сега зборав со газдата вика користеле мерки од владата нешто и ќе закаснел со исплата на 1ви ќе пуштеле. Е сега ме интересира да не ми настани некој проблем кога ќе дојде за породилно дека во тековниот месец ќе нема исплата како досега. Тој вели немало да има проблем, ама не ми е сигурно. Ај ако знаете помагајте.
Нема да имаш проблем се земаат платите од последните 12 месеци кога и да се исплатени, ако доцни за него следува опомена па казна немаш ништо ти со тоа.
Во договорот што стигнува за одобрување на породилно, пишува износ за исплата по час. Прашањето ми е, дали истиот е бруто или нето износ?
Ако отвораш од денот на породување, ќе ти важи од тој ден. Ако отвораш порано, ќе ти даде матичниот гинеколог потврда, а после породувањето со отпусното писмо ќе ти даде документ за боледување.
Мајкички, за висина на надоместот пишува дека е 100% од ОСНОВИЦАТА . Е сега јас ум земала поголема сума од платата, благодарение на бонусот. Дали ќе ми ја сметаат вкупната сума за просек или некако гледаат што е основица а што бонус? Дали некоја била во ваква ситуација?
Здраво незнам како оди оваа процедура.. поредена сум на 24.04 и од тогаш ми е отворено породилно.. пари на сметка воопшто не ми стигнале до сега. Нормално ли е ова, како треба? Нели секој месец стигаат пари или?!
I jas toa cekam da vidam zavisi kako e pusten bonusot. Mojot bese pod sifra 100ka so plateno penzisko se nadevam ke vleze vo prosek. Od rabota mi rekoa nemalo ama nadezta posledna umira
Може ли да ми кажете кои документи ми требаат за отварање на породилно отсуство? Јас сеуште не сум породена и планирам да го отворам на денот на породување. Што треба да земам од работа, гинеколог и каде се доставуваат?
Од работа ништо, гиненологот ќе ти даде образец, со тој образец од гинеколог ти треба извод од бебето, копии од ЛК, и транс. сметка, се поснесуваат во ФОНД за здраство.
Се работи за една моја блиска. Породилното ѝ заврши на 13ти минатиот месец. Во истиот ден ја одјавија од работа, сега не работи и не е осигурана. Дали за тие 13 дена од претходниот месец ќе ѝ пуштат пари од фзо?