Devojki imate li informacii za vremetraenejto na porodilnoto otsustvo,znam deka momentalno e 9 meseci, no imase mnogu objavi deka se donesuva nov zakon so koj istoto bi traelo 12 meseci. Ima nekoj informacii za ova?
Ај ако знае некоја сигурна информација. Вака, осигурана сум во фирма каде што на 29ти јуни правам 6 месеци. Значи од 29ти декември до 29ти јуни. Е сега јунската плата ќе биде префрлена некаде средина јули. Ме интересира дали може да се отвори породилно пример од 6ти јули некаде 28 дена пред термин или би било проблем што нема да има поминато 6 плати до тогаш?
Здраво, на 15 август правам 6 месеци да сум пријавена во фирма, терминот за пораѓај ми е на 15 октомври. Сакам да земам 2 недели боледување на матичен гинеколог па ме интересира дали тоа боледување ќе влијае на висината на породилното отсуство.
Здраво ме интересира првиот месец за исплата на породилно после колку време откако ги доставивте документите ви пристигна исплата,јас сум породена на 2 јуни,докиментите ги доставив околу 15 па кога да пчекувам исплата јули,август?
Се чека повеќе за прва исплата, јас поднесов на 28 мај, се породив 6 мај, тек сега во понеделник ќе имам исплата. Првиот месец се чека да помине плата, па да направат просек, па спецификација,па ќд имаш исплата. Ова ми го кажа вработена во фонд.
Јас се породив средина на јануари, поднесов документи околу 10 февруари прва исплата имав средина на март…ама зависи изгледа пошо еве други феминки повеќе чекале
како не важи? Е сега тој кога ќе се упросечи на 12 месеци нема да излезе цел износ, него 1/12 екстра на регуларната плата.
Здраво, нели според закон ми следуваат 3 месеци неплатен одмор. Дали во тие три месеци ми е покриено здравствено и пензиско осигурување?
Во законот пишува дека доколку пак останам бремена, нема да имам прекин во стаж... Чудно, не е баш убаво напишан тој дел од законот.
Тоа ми е најбитно, да имам покриено здравствено осигурување. @Luna91 да, да во АВРМ се пушта одјава, ама со посебен член е одјавата. Ви благодарам!