Дали знае некој што е тоа дека породилно ќе е 12 месеци??? Предлог закон ли е? Изгласано ли е, не ли е?
Имаше предлог да има измена законот, ама мислам дека не е изгласано сеуште. Додека не поминат измените во собрание и не се објави во службен весник неможе да има промена. Законска процедура е.
Здраво девојки. Ми треба помош , не знам каде да се обратам. Бремена сум веќе 7ми месец. Од работа ме ослободија уште пред 2 месеци бидејќи ми е тешка работата, ама ми треба потврда. Матичната ме праќа на комисија. Во ред ми е бременоста , работата ми е ризична. Каде да се обратам? На работа морам да им однесам потврда.
Ако ти треба потврда декаси бремена, мислам тоа се познава, сепак си 7 месец, тоа го дава матичната уште на почеток. Не знам зашто не ти дала до сега.
Матичната ме праќа на комисија , а немам јас потреба од комисија бидејќи сум здрава и бебето е во ред. Од работа не ми прават проблем само ми бараат документ. Каде да се обратам , бидејќи се е во ред, а работата е ризична?
И кажа дека си здрава, права зашто да одиш на комисија? Обично комисија е за високоризична бременост. А ти сппред кажаново, работата ти е ризична не бременоста. Ако пак не сака, смени матична.
Ми е страв за 2 месеци да не направам некој проблем. Инаку мора да ми даде барем потврда дека сум бремена? Ти благодарам девојко да си жива и здрава ❤️
Јас кога дознав дека сум бремена ја прашав матичната дали може потврда за на работа ми даде одма без проблем, ја однесов и толку. Несфаќам зашто те праќа на комисија.
Сите матични даваат потврда дека си бремена без проблем. Сите трудници ја приложуваат само таа потврда од матичен за да користат мерки. Нека не се прави на тошо. Ако мрчи мењај матичен.
Каква комисија, какви глупости. Чим ти е уредна бременоста, не гледам потреба од комисија. Мене матичниот уште ко потврдив бременост ме праша дали ми треба потврда, без никаква индикација, без никаков проблем. Во 8ма недела од бременост. Иди кај друг гинеколог, прашај го матичниот општ лекар дали може нешто да направи не знам. И на комисија да идеш, и тие ќе дигнат раменици, ќе кажат уредна ти е бременоста, ти си здрава. ( Претпоставувам )
Согласно мерките за заштита од корона вирусот, сите трудници се ослободени од физичко присуство на работа додека трае пандемијата, со потврда за бременост што ја издава матичниот гинеколог. Матичната е должна да ти ја даде потврдата, а не да те праќа на комисии. Обично работодавците се тие што се бунат и што не прифаќаат потврди, кај тебе па обратно, матичната не ти ја дава. Иди пак и кажи и дека според закон ти следува потврда или кажи и дека ќе ја пријавиш дека не сака да ти даде.
Ви благодарам многу за советите , се јавив во фонд за здравство, таму ми објасни убаво женичката што да правам и дека таа стои позади мене. И кажав на матичната ми даде потврда ,ама јас сум била виновна не сум знаела што сакам. Официјално од денес можам да уживам во бременоста. Ви благодарам мн мн мн за советите , да сте живи и здрави
Па она треба да ти каже сакаш потврда за мерки да користиш, не по комисија да те праќа. Уживај во бременоста, најдобронамерен совет смени матична.
Јас немам луѓе што би ме упатиле , крајно решение ми беше Фемина. Инаку ми е страв мн за бебето затоа што сум при крај , инаку ќе ја сменам и така со сите што комуницирам повеќе не се таму.
Нема страв, немаш причина, мисли позитивно, уште малку ќе си ја земеш среќата во раце. Опушти се, среди си полека работи за бебуш, се ќе биде ок. Со лесно до крај.
не знам дали смееш во оваа фаза од бременоста да ја смениш матичната ... негде прочитав дека не може а и тешко кој матичен ќе ти се нафати да почнеш да одиш кај него во оваа фаза. распрашај се убаво . инаку точно е се што ти кажале овде, доволно е потврда дека си бремена, нема потреба да одиш на комисија и со таквата потврда ќе зимаш 100 посто плата, а со боледување 70 . се надевам дека веќе си завршила работа. со лесно
Девојки ако може некоја да сподели искуство со поднесување документи за породилно отсуство во ФЗО? Што документи се потребни? Дали ми треба нешто од работа? Сакам сама да ги поднесам пошто не се ич ажурни од работа патолошката ми ја изгубија за август ја заташкале негде и тоа морам сама да поднесувам тнх однапред
Го поднесувсш откако ќе се породиш. Ти треба извод од бебе, трансакациска твоја, лична карта, породилното од матичната што ти го отворила.