А зошто да не работиш онлајн, кога ти дозволува професијата? Според мене, подобро е така отколку да не ти ја даваат таа опција како многу приватници или пак да те тераат да отвориш патолошка и да си на 70-80% од плата и приморана месец и пол порано да отвориш породилно. Така е кратко породилното, уште месец и пол помалку да е.
Зошто да не работам? За да одмарам. Бидејќи исто ми е и од дома и на работа. Замисли да бев хигиеничарка во истата институција? Е тогаш немаше да работам. Или да бев медицинско лице или не змаж што.... Зборот ми е дека некои професии се дискриминирани со оваа одлука.
За да одмарам и да не седам секој ден во просек по 5 часа и тоа пред компјутер а речено ми е (а верувам и на повеќето бремени жени) дека е најдобро да лежиме и да не седиме/стоиме долго.
Па ако ви рекол гинеколог да лежите, извадете патолошка и лежите. Не знам кој месец сте ама за трудница после 12та недела е најдобро да е раздвижена ако нема ризична бременост, а не да лежи. Јас одев на работа до 5 дена пред пораѓај, а се породив во август, во најжешкото. Секако никој не ме тераше, по сопствена волја. Фала богу секој со сопствени можности. Сепак жалење дека сте дискриминирана малце е смешно, како што разбрав професор сте, и седење 5 саати на онлајн настава не е исто со да речеме работење на каса во КАМ. Вашиот ризик да се заразите со ковид е 0, а на касиерката е огромен. Ковид мерките се донесени за да се намали ризикот да заболат трудници, а не да се искористува работодавецот кога нема потреба. Пред да постоеше ковид кога трудница имаше ризична бременост вадеше боледување, а не лежеше дома добивајќи цела плата.
Ок. Можеш да почнеш да се смееш ако ти е смешно. Работава е што во две општински училишта донесуваат различна одлука. Во едното велат ,,да, ти си ослободена ќе најдеме замена", во другото велат ,,не е законски да те ослободиме". И таму и таму правник го тврди тоа. Само наставник знае колку е стресно да го работиш тоа во денешно време, така да споредбата ти е ирелевантна. Може во маркет физички е потешко (да стоиш) ама стресот го нема. Не знам не тврдам не сум работела, но секој наставник што го познавам тврди дека работи под стрес.
Правникот во првото училиште е полуписмен. Одлуката на Влада е јасна, нема што поинаку да се толкува. И пак ќе кажам, за стрес, лежење, физички замор во бременост има боледување или патолошка. За ризик од зараза со ковид има ковид мерки. Не знам зошто мислите дека имате право на користење ковид мерки за стресна работа, без ризик од зараза.
Многу трудници што работат во приватна фирма го немаат ни тој луксуз да работат од дома. А, реално не е исто од пред компјутер да работиш 20 школски часа неделно и да лупаш 3та смена во некоја фабрика. Бременоста не е болест, па да си онеспособена, но доколку гинекологот ти препорачува мирување поради одредена состојба, тогаш отвори патолошка. Жално е шо во нашата држава, голем процент од луѓето се некако дискриминирани, ама ете, ние одбравме тука да живееме. Ти барем можеш да ја тужиш институцијата ако си правно оштетена, 100% ќе добиеш спор, тие што работат кај приватник, ќе добијат отказ. Инаку, колку за инфо, многу медицински персонал што работи во пзу не беше/не е ослободен од работа и во бранови за време на пандемија си оди по 8ч на работа секој ден.
Мерката е јасна, ослободени сме од физичко присуство секако каде што тоа го дозволува професијата. Среќна си што работиш во бранша што тоа го овозможува. Лани бремена, јас тазе вработена во приватна фирма започнав да ги користам мерките на нивно инсистирање. Седев дома 4 месеци со 100 % плата меѓутоа кога дојде ред не ми беше продолжен договорот. Оваа година бремена исто така вработена во приватна фирма, работа од дома, плата 100%. Не ми направија никако проблем, сите сме ослободени од физичко присуство. Истерав до 9 месеци со некогаш и над 9 часа на лаптоп ама верувај дека е подобро него да одам во канцеларија. Фина е мерката. Радувај се на оваа опција. Но сепак ако имаш поголеми проблеми со бременост тогаш секогаш постои опцијата за вадење на патолошка бременост.
Се' е ок. Само ме збуни тоа пто во две јавни институции од ист профил различно ја толкуваат одлуката.
Породилно здравје треба да отворам во март тогаш ми е терминот, а договорот ми истекува во мај. Дали има обврска работодавачот да ми го продолжи договорот или не? И дали ако не ми го продолжи, ќе си зимам редовно 9 месеци породилно (имам повеќе од 6 месеци во фирмата)? @Anaroz1 @Forca како правници ако може да ми кажете
Здраво, ме интересира каде да се обратам за да знам дали имам некои проблем со поднесување на докуметите за породилно отсуство. Овој месец за прв пат треба да ми стигнат пари на сметка, но, уште не се сттигнати, па да видам дали е се во ред, да не има некој пропуст. Однапред Ви благодарам!
Здраво женски Ако може да ми каже некоја што била ослободена со ковид мерки од работа кога отвори породилно...мене ми викаат 45 дена пред термин да отварам
Jas otvoriv na den na poroduvanje. Ako si doma i gi koristis merkite, otvori si stom kje se porodis. 45 dena pred termin e za patoloska. Imas li potreba za porano otvaranje?
Не немам потреба од порано отварање. Само ми спомнаа како требало 45 дена порано, а мене ми нема баш логика толку рано да го отварам....фала ти многу