Искрено не знам…јас се породив на датум 22ри, од фирма зедовме плата на 26-7-8…книгиводителката многу ни е ‘’ажурна’’ и ми префрли цела плата, никој не примети дека јас не треба да земам цела и на крај јас испаднав во плус, заборавија да ми ги побараат парите назад…ете така нека ти излезат во пресрет
Утрово сите медиуми јавија дека законот за недела неработен ден ќе се гласа денес во собрание Се надевам дека штом оди и породилното отсуство во пакет ќе чуеме деновиве нешто и за тоа Најавуваат дека одредбите се планира да важат од 1.1.2022.
Ајде да видиме дали и тоа ќе го изгласаат. Јас секако нема да го фатам ако важи пд 1.01. но барем да го изгласаат.
Ја да се уфрлам малку, само да прашам, законот важи за тие што ќе се породат или и за тие што се веќе на породилно?
Денеска не го спомнаа Можеби овие денови бидејќи се повеќе закони во пакет И јас го чекам бидејќи конзилијарното ми е до 30.12 па се мислам да земам една недела од матичен па после да отворам породилно
Мами, ке може некоја да ми објасни кои документи ми се потребни за отварање породилно одсуство и каде треба да се однесат? Јас ке го отварам породилното порано.
За отварање не ти треба ништо само се јавуваш на матичниот гинеколог и му кажуваш од тој ден да те внесе во систем и после се јавуваш на работа и кажуваш од кое дато си на породилно а документи ќе ти дадат дури откога ќе се породиш Мене така ми кажа матичниот Ако си во можност гледај породилното да го отвориш после 01.01 зошто овие денови треба да се изгласа нов закон за породилно со кој породилното би требало да е 12 месеци п.с ако треба земи прво некој ден боледување од општ матичен
Баш тоа размислував да го отворам од 2.1.2022 ама може попаметно ке е да земам малку денови од одмор па да отворам породилно.
Здраво драги Јас сум 3ти месец, до сега сум веќе 20 дена на боледување и ме водат како ризична бременост. Разговарав во фирмата во која сум вработена и ми кажаа дека не е проблем да го продолжувам колку што е потребно. Прашањето ми е дали треба кај матичната да ме води како патолошка бременост и дали може до крај да си терам така? Уште едно прашање, колку % од платата на која сме пријавени се пушта кога сме подолго на боледување?
Колку што сум информирана на патолошка или боледување ако си исплаќаат 70%, нека сподели некој искуство
Ако си на патолошка ќе зимаш 70% од плата ама матичната да ти објасни кои документи ти требаат за патолошка бидејќи секој месец треба да вадиш извештај од специјалист или конзилијарно мислење и матичната ти прави предлог и ги праќаш во фонд па таму ги разгледуваат и ти даваат одговор дали ти е продолжено боледувањето или не и така секој месец Оди кај матичната да ти објасни се и да ти закаже термин за извештај
Здраво, доколку некоја членка добие информации за дали го изгласале законот за породилното да трае 12месеци обавезно нека пише да не израдува☺️ Исто некој ако може да ми каже кога најрано може да се отвори породилното ( за нормална бременост, не за патолошка ).. ?
За патолошка е 45 дена. Мислам дека не може порано од 28 дена. Ако знае некој друг нека пише. Секако најдобро прашај си го матичниот
Patoloska e 45 dena, normalna bremenost 28 dena pred termin. Imaj predvid, deka ako go otvoris porano,pomalku vreme kje si sedis doma so bebe. Od denot na otvoranje porodilno od togas ti se smeta, bez razlika dali si porodena. Moj sovet, otvori si na den na poroduvanje, ako koristis merki.