Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилно отсуство

Дискусија во 'Бременост' започната од Mrs.Bass, 2 мај 2012.

  1. LoveHope

    LoveHope Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2015
    Пораки:
    1.371
    Допаѓања:
    4.172
    Пол:
    Женски
    Ќе се обидам јасно да го поставам прашањето :D
    На патолошка сум, знсм дека 45дена пред термин треба да се отвори породилно. А дали има можност кога ќе решат од комисија од фондот да се затвори боледувањето, тогаш да не го отварам породилното, туку да искористам одмор што имам и од матичен општ (не гинеколог) да земам боледување 14дена? На тој начин барем на 28ми ден пред термин да се отвори породилното.
     
  2. Ane1988

    Ane1988 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2020
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    474
    Пол:
    Женски
    Секако дека можеш Мене од фирма ми рекоа може да си го искористам одморот така да откако ќе ми заврши патолошката прво ќе користам одмор а после тоа ќе отворам породилно а инаку може да се земе и од матичен две недели боледување ама јас нема да земам да не испаднам нефер кон фирма бидејќи ми дадоа две недели одмор
     
    На tina2018 и LoveHope им се допаѓа ова.
  3. LoveHope

    LoveHope Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2015
    Пораки:
    1.371
    Допаѓања:
    4.172
    Пол:
    Женски
    Фала ти многу, утре ќе пресметам враќајќи наназад денови, да видам математиката дали ќе ми излезе.. Нормално, ќе разговарам и со газдата. Факсимилот мој бидејќи сум на патолошка ми е во мирување и во фондот поднесуваат секој месец документ дека сум на боледување,па друга докторка ми е замена со нејзин факсимил.
    Незнам како ќе го изведат тоа околу Факсимилот ако не отворам 45дена преф термин породилно.
     
  4. Redmoon

    Redmoon Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2017
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво, ако може еден совет...
    Породилно најрано можам да го отворам на 4ти јануари, но ме интересира за пресметка на породилно дали ќе зимам цела плата или некој просек зошто имам неколку пати останувано на боледување, дали од тие боледувања ќе се нешто минусира... Прашував неколку правни лица ми кажаа дека тие боледување не важат за породилно туку дека се пресметува само платата. Мислење?
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  5. medena147

    medena147 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    1.198
    Допаѓања:
    1.726
    Пол:
    Женски
    Само цела плата се зема просек,ако си работела 12 м се зема за 12,а ако имаш работено колку за породилно предходно да не си била осигурана само тие месеци.
     
  6. zverkica

    zverkica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    2.618
    Ане може малку повеќе да објасниш околу ова отварањево покасно за породилно? Еве пример јас ако се породам на 27декември, нема да го фатам законот, која опција е најбезбедна за да одолговлечи отварањето на породилно после 1ви јануар? Дали тоа е воопшто изводливо да се отвори породилно покасно од породувањето? Би било супер да е така
     
  7. Knizhevnik11

    Knizhevnik11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2021
    Пораки:
    1.580
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Не постои таква опција ако се породиш, ако не си породен може од матичен да кориатиш боловање, ако се породиш се отвора најкасно на ден на пораѓај.
     
    На zverkica и Anaroz1 им се допаѓа ова.
  8. Anaroz1

    Anaroz1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    1.896
    Допаѓања:
    4.771
    точно, породилно најкасно на ден на породување се отвара
     
    На zverkica му/ѝ се допаѓа ова.
  9. zverkica

    zverkica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    2.618
    Пу штета, ако го изгласаат законот баш штета ќе биде за неколку дена да не го фатам
     
    На Knizhevnik11 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ane1988

    Ane1988 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2020
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    474
    Пол:
    Женски
    Ако се породиш мора да го отвориш јас дека сум на патолошка за да не го отворам 45 дена пред термин затоа ќе користам одмор а ти овие денови гледај лежи повеќе ма не повеќе туку лежи цело време до 31 може ќе издржите некој ден плус
     
    На zverkica му/ѝ се допаѓа ова.
  11. zverkica

    zverkica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    2.618
    Хехе срцка, мислам дека докторката нема да ме остави веќе за жал и ќе мора следна недела да ме породи, што да правам, што е тоа е
     
    На Knizhevnik11 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ane1988

    Ane1988 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2020
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    474
    Пол:
    Женски
    Ако не е хитно тогаш зошто не те остави уште 4 дена Тие 4 дена може да бидат 3 месеци плус со бебчо Како и да е само нека биде живо и здраво
     
    На zverkica му/ѝ се допаѓа ова.
  13. marta993

    marta993 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2017
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    29.044
    Пол:
    Женски
    Дали имате инфо дали породилното отсуство е продолжено на 12 месеци? Дали се изгласа тој закон и за кого важи? Дали за оние кои што се веќе отсутни или кои што забремениле годинава?
     
  14. Трепетлика

    Трепетлика Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    465
    Допаѓања:
    270
    Пол:
    Женски
    Се уште не е изгласано и нема ниту информација кога ќе се гласа. Ќе важи откако ќе биде објавено во службен весник, односно за родилките кои ќе отворат породилно по тој датум. Сега за сега како тргнало и како што се ефективни, нема да го фатат ни тие сега што се на почеток на бременост :/
     
    На Knizhevnik11 и marta993 им се допаѓа ова.
  15. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    5.452
    Пол:
    Женски
    И мене ме интересира дали ако земам боледување,се намалува знам платата, НО дали после во породилно ќе се смета исплатената т.е скратената од тој месец или???
     
  16. Redmoon

    Redmoon Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2017
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Не знам еве нека одговори некој ако имал вакво искуство баш ме интересира
     
  17. januari19

    januari19 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2019
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    1.748
    Пол:
    Женски
    Се распрашав и јас зошто користев боледување. Во пресметката за породилно се пресметува нето плата без одбитоци за последните 12 месеци.
     
  18. Te@

    Te@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2021
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    207
    Дали некој знае доколку стажот е непрекинат 6 и пол месеци ( скоро 7 ) кога ќе се отвори породилното а пред тоа сум била невработена, породилното ќе биди просек од тие 6 месеци, или од последните 12 месеци па месеците кога сум била невработена ќе бидат 0 денари
     
  19. Сара Лав

    Сара Лав Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2021
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    1.352
    Пол:
    Женски
    Породилното е просек од 12 месеца. Значи месеците што не си работела ќе бидат 0 денари:( односно кај тебе просекот ќе се пресмета: збирот од тие 6/7 месеци делено со 12.
     
  20. Anaroz1

    Anaroz1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    1.896
    Допаѓања:
    4.771
    просекот ќе ти биде од тие 6 месеци колку што си била вработена
     
    На Te@ му/ѝ се допаѓа ова.