Јас кога ќе отворам породилно ќе имам 10 месеци стаж како вработена на полно работно време, а пред да се вработам во истата фирма бев практикант и земав по 6.000 ден надоместок. Сега, дали ќе се смета просек од платата што ја земам како вработена или ќе влезат во пресметката и 2 месрци од практиканството бидејќи е истата фирма?
Прашав две книговодителки, првата ми рече дека просек од платите што сум ги земала во последната година, ако сум работела 6 месеци од тие 6, ако сум работела 8 од тие 8, итн, дека месеците што не сум работела не се рачунаат, а друга пак книговодителка ми кажа само дека било вкупно просек од последни 12 месеци па зато ме збунаа не ми беше јасно...
така е 12 се ако имаш 12 месеци стаж ако не колку имач толку, под услов нели да имаш 6 месеци за да имаш право на породилно
Не, не штотуку прашував затоа што и јас имам прекин во стажот. Пресметката на породилното се зема просек од последни 12 месеца. Значи ако била само 6 месеци вработена, се дели со 12 100% сум сигурна
Провери како практикант мислам дека не си вработена туку имаш договор на дело и договор за извршување на практична работа. Засновање на редовен работен однос се стекнува со здравствено и пензиско осигурување. Во твојот случај 10 месеци нето плата делено со 10 месеци работен стаж. Ќе си пресметаш износ за исплата
Немам 12 месеци, а сметководителот така ми кажа баш сега прашував затоа што сум при крај со бременоста. Значи пример ако во последните 12 месеца имам 10 месеци стаж просекот како ќе го рачунаат? 10 делено на 10? Значи пример ако сум земала фиксно секој месец во последните 10 месеца 15.000мкд, породилното 9 месеца ќе ми биде 15.000мкд? За месец месец и пол треба да се породам па ќе пишам како пресметале
https://sdk.mk/index.php/makedonija...rimenuva-od-2022-veli-ministerstvoto-za-trud/ Дали сватив дека ако се изгласа законов ќе важи од Април?
Околу кој датум ги пуштаат париве од породилно и дали се редовни, мислам месечно или на неколку месеци стига?
Јас добивав уплата месец за месец, без прескокнување, а за датум секој месец различно, ми има стигнато уплата и пред 15. во месецот а и после 25.
Доколку сум пријавена 8 месеци дали за исплата на породилно се прави просек од тие 8 месеци, или се прави од 12 месеци?
Здраво Дали некој бил одбиен за трудничко боледување заради што е отворено 2дена пред да има 6 месеци работен однос Поднесен е приговор, поминати се повеќе од 4 месеци одговор сеуште нема.. Дали некој знај каде можам да се обратам за да се добие одговор побрзо Извинете на долгиот пост