Жал ми е, во тој случај ти останува патолошка (најди си некој на гак или ете од ремедика што ќе ти даде препорака) и матичниот нема да ти игра никаква улога, зошто не можеш боледување 9 месеци да земаш.
Кои документи се потребни за отварање на породилно и каде се носат? Во социјално да го осигураме бебето што ни треба и која е процедурата?
Се поднесува барање до фондот (образец Н2), извод од матична книга на родени за бебето, боледувањето од матичен гинеколог и копија од трансакциска сметка. Сите документи се доставуваат во фондот за здравство. За здравствено осигурување на бебето потребно е да се обратите во фирмата каде сте вработена, тие ќе ви средат.
Дали некој има инфо дали ќе го донесат законот за зголемување на породилното отсуство од 9 на 12 месеци и од кога ќе важи?
И мене ме интересира истото, но како што гледам тоа нема да биде за скоро, требаше да се изгласа заедно со законот за недела неработен ден, кога имаа измени во законите за работни односи но никој ништо не спомна за тоа како никогаш да не било ни предложено така да тешко јас повеќе не се надевам за жал....
Некаде пишува дека тек во јуни-јули ќе се гласало јас се надевав дека ќе биде оваа година на почеток ништо од државава наша
Zdraavo mamicki terminot mi e na 17.02 na porodilno sum od vcera, osven porodilnoto boleduvanje sto go dostaviv vo firmata kade sto rabotam drugo ne treba nisto da nosam dokumenti kako sto nosev dur bev na patoloska taka?? Da ne treba nekade vo fondo da se nosat nekoi dokumenti deka pocnav da bidam na porodilno i kako odi so isplata kako gi prefrluvaat parite redovno ili kasnat ? Pozdrav do site
И на мене ми е термин како твојот ама јас ќе отворам породилно од 01.02 а исплата ќе добиеш од како ќе се породиш и ќе однесеш извод на родени од бебе, до тогаш не чекај исплата а обично не каснат многу со породилно со лесно
Ќе треба на работа да доставиш и извод од бебето. Другото ќе си го средат од фирма. Прва исплата имав по еден месец.
So lesno i na tebe duso gospod da e so nas site, znaci na rabota nosam samo izvod na rodeni od koga ke se porodam aaa vo fondo ne nosam nisto ?
Незнам од работа како функционираат твоите мојтр ги носат сами во фонд ама за породилно се носи извод на родени и во фонд и на раб значи отворено породилно извод на родени и чекаш исплата
Дали може породилното да се отвори после терминот во случај да се надноси бебето и се породиш после термин? Или мора на термин?
Дали некој знае со сигурност колкав е максималниот месечен износ што го плаќа фзо за породилно отсуство? Пред неколку години беше максимум 4 просечни плати, дали се уште е така?
Јас имам прочитано 4 просечни плати. Ама кои просечни? Дали од минатата година? Ако некој знае или дознаеш за сигурно и мене ме интересира...
Да, и јас така знам, 4 просечни плати од минатата година, но не знам да не е сменето нешто. Ако дознаам за сигурно ќе пишам
Здраво девојки. Едно прашање. За да земаш породилно треба да имаш 6 месеци работено во фирма или 6 месеци да си пријавена како трудна во фирма? Бидејќи докторот ми рече како 6 месеци да си пријавена во фирмата дека си трудна. Мене ми е малку шубе, бидејќи мала сум уште 9та недела, а тој ми рече уште одма однеси потврда дека си бремена.
Треба да си 6 месеци пријавена во фирмата, или 6 месеци да имаш непрекинат стаж. Не е битно кога си кажала, освен за интерни цели како организирање на работни обврски и слично.