А да почнеме да пишуваме сите мејлови на mtsp@mtsp.gov.mk за зголемување на породилното отсуство? Беше ветено дека ќе е 12 месеци и требаше заедно со недела неработен ден да се изгласа.
За да земеш породилно треба да си вработена 6 месеци во фирмата а во врска со потврдата што се носи во фирма тоа е за ослободување на трудници од физичко присуство и за работа од дома ако имаш услови а ако немаш услови за работа од дома тогаш ќе си седиш дома а фирмата треба да те плаќа ама да знаеш дека не сите фирми го почитуваат тој закон и ако си под договор може да ти речат да си работиш или да ти дадат отказ ама ако си на неопределено време тогаш треба да те ослободат од физичко присуство
Сакам да прашам вие што сте на породилно и што не ви ја праќаа цела плата на сметка туку ви даваа и доплата на рака..дали и сега ви ја даваат доплатата од фирмата или земате само толку колку што ви праќа здравството?
Zdravo, momentalno sum na porodilno no vo megju vreme ako ostanam bremena dali ke moze posle porodilnoto da otvoram patoloska bremenost?
Пишав уште пред една недела, нема никаков одговор, ама независно, да бидеме помасовни, може ќе ја убрзаат постапката...
Здраво би сакала да прашам за породилно дали има некој одреден износ што се зема за исплата, знам дека е последните 12 месеци само дали има некој одреден износ за исплата
Максимум е 4 просечни плати. Они ќе ти пресметаат колку би земала али повеќе од 4 просечни плати не можеш.
Да прашам ако во периодот на тие 12 месеци е користено боледување со 70% исплатена плата, во просекот влегува 100% од платата или 70,колку е платено за време на боледување?
Мислам овој предлог уште тогаш пропадна и беше одбиен. Кај нашава државичка има пари за тоа? Има само за пензии
Имаше нешто пред Нова година се пишуваше за ова. Ај ќе видиме што ќе вратат на мејловите. Се надевам сеуште е во процедура.