Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилно отсуство

Дискусија во 'Бременост' започната од Mrs.Bass, 2 мај 2012.

  1. maru6ka1984

    maru6ka1984 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2021
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    34
    Вистина е. Нема да се изгласа 12 месеци, дека со тоа се затвара жената дома и после враќањето или е сменета од работното место или дома. 12 месеци одговара на тие во државна администрација за жал.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Anculce

    Anculce Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2021
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Женски
    A od koga treba da vazi ova so tatkoto ?
     
  3. maru6ka1984

    maru6ka1984 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2021
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    34
    Синдикатот уште нема поднесено предлог до МТСП, не знам кога би се ставило на разгледување.
     
    На tina2018 и Anculce им се допаѓа ова.
  4. Anculce

    Anculce Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2021
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Женски
    Fala ti :inlove:
     
    На maru6ka1984 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Леле баш ме интересира кој го дал ова нонсенс објаснување.
     
  6. Трепетлика

    Трепетлика Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    465
    Допаѓања:
    270
    Пол:
    Женски
    Ако со поднесен предлог од синдикатот до МТСП за 12месеци породилно уште нема новост по година ипол, можеш да замислиш кога би имале за промениве за таткото за кои уште нема ни предлог.
    Децава у школо ќе ни тргнат додека разгледаат они.
     
    На ray111, Мишел* и pamelche им се допаѓа ова.
  7. Chuchanov

    Chuchanov Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2019
    Пораки:
    1.519
    Допаѓања:
    2.942
    Пол:
    Женски
    Сте користеле ли боледување 2 недели од генеколог,1 од матичен па одмор па потоа да отворите породилно?
     
  8. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    17.174
    Може така, Јас така планирав, ама само една недела можев од гинеколог бидејќи најкасно 45 дена пред термин гинеколог мора да го затвори боледувањето, после може да отвори само породилно.
     
  9. Chuchanov

    Chuchanov Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2019
    Пораки:
    1.519
    Допаѓања:
    2.942
    Пол:
    Женски
    вака до 45 дена од генеколог,1 недела од матичен до 38 дена до породување и одморот цел месец таман до 39та недела или грешка сум неможе така?
     
  10. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    17.174
    Може.
     
    На Chuchanov му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Chuchanov

    Chuchanov Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2019
    Пораки:
    1.519
    Допаѓања:
    2.942
    Пол:
    Женски
    fala ti mnogu :hug:
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Inavond

    Inavond Активен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2021
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Dali mozam da zemam pari za porodilno, ako na 13 fevruari polnam 6 meseci vo firmata,a porodena sum 7 januari. Dali imam sansi ili ne. Nekoj sto se razbira vo ova ako moze da spodeli
     
  13. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.169
    Допаѓања:
    5.728
    Пол:
    Женски
    Нема да можеш, мора да имаш 6 месеци до 7 јануари.
     
    На Anaroz1 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. S.J.Parker

    S.J.Parker Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    7.346
    За да ти следува платено породилно отсуство треба да имаш најмалку 6месеци непрекинат работен стаж, ти си немала во оваа фирма толку значи не ти следува. Исклучок од ова е ако претходно си била вработена во друга фирма па си се вработила во сегашнава без да имаш прекин во стажот.
     
    На Tiny Love му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Inavond

    Inavond Активен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2021
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Znaci vo momentot na poroduvanke treba da imam veke napolneto 6 meseci ako me nisto. Mislev sigirno ima nekoj zakon i za toa posto sto sum.jas kriva sto se porodiv porano...
     
  16. Freckles.

    Freckles. Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2020
    Пораки:
    1.870
    Допаѓања:
    4.824
    Вратија некому од мтсп за мејловите што ги пишувавме за 12 месеци?
    А да пишуваме на ССМ сега?
     
  17. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    5.452
    Пол:
    Женски
    Јас на оваа тема зборев со пријателка која работи во државна адм, и таа во текот на бременоста си користела по 2 недели боловање но секој месец примала иста плата - не и била намалена.
    Прашав во фондот, една вампирка која го цица државниот буџет полнет со наши пари, ми се испонаша дека сме злоупотребувале итн, без да влеземе во детали...
    Прашав и кај мене на раб, ако користам боловање зимам 70%, и тој просек ке ми влезе во породилното.
    Плус ми кажаа дека во државно така им било регулирано, со колективни договори...

    Затоа си кутаам ,траам, гледам да не се напињам со работата, се поради платата која е мала за таа позиција и одговорност, а Радо би да стегнам 2 недели одмор психички ми треба....
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Te@

    Te@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2021
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    207

    Мене ништо не ми вратија... ;( Јас се откажав, тешко дека ќе биди породилното 12 месеци во блиска иднина, а богами нема да биди ни во далечна иднина (facepalm)
     
  19. RinaKa

    RinaKa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    69
    Пол:
    Женски
    Ниту вратија, ниту имаат намера да вратат, а уште помалку имаат намера да го продолжат...
    Ќе пишам и на ССМ, да си ја пробаме среќата...
     
  20. RinaKa

    RinaKa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    69
    Пол:
    Женски
    Секако се затвора жената дома со самиот факт дека градинките се преполни, слободни места нема, а не секој има можност да плаќа приватна градинка или пак има некој што може детето да го чува... За жал кај нас уште положбата на жената во општеството е на бедно ниво. Вака барем уште три месеци ќе земаме надомест...
     
    На tina2018 и Te@ им се допаѓа ова.