Здраво, ме интересира дали може породилното да се отвори од кога ќе се породам,затоа што сега се водам на платено отсуство со мерките за , Covid?
Здраво, дали некоја знае доколку матичен гинеколог ми издаде породилно отсуство, и потоа јас го сменам матичниот гинеколог, ќе имам проблеми за породилното, дали е можно да ми го прекинат?
Законски за нормална бременост се отвара 28 дена пред термин. Пракса е да се отвори на ден на породување, бидејќи трудниците си одат на работа и тоа не пречи никому. Ти, бидејќи користиш мерки и тебе плата ти исплаќа фирмата и не одиш на работа, можно е од фирмата да се повикаат на законот и да ти побараат да го отвориш 28 дена пред термин.
Дали ако сум осигурена првите шест месеци, а последните сум одјавена, би ми следувало породилен надоместок?
Здраво.. Ако знае некоја од вас да ми одговори.. Договорот за вработување ми е на определено време, ми завршува баш кога ке останам на породилно.. Што ако не го продолжат договорот? Уште ги немам известено за бременоста па да знам како да постапам, дали да ги замолам да го сменат на неопределено или нема потреба..
Која е процедурата за отворање породилно пред породување? Сакам да го отворам 9 дена пред термин, па дали треба од гинекологот да земам некоја потврда да пратам на работа? Или само треба да го известам гинекологот да ми отвори и да ги известам на работа, па откако ќе се породам да носам документи На последниот преглед се изреволтирав колку ми наплатија, па заборавив да прашам
Можеш само кај гинекологот да ги известиш од кој датум сакаш и од тогаш да ти го отворат породилното. Кога ќе се породиш само ќе ги поднесеш останатите документи заедно со тој лист на работа и тоа е тоа Со лесно!
Замоли ги да ти го продолжат договорот уште 9 месеци со Анекс кон првичниот договор . Ако те одјават ништо не правиш. А секако после тоа си на терет на фонд,така да нив не им менува многу. Не мора да менуваат во неопределено. Битно е сеуште да си во работен однос. Во агенцијата се водиш како вработена се додека не ти однесат документи за одјава.
Najrano koga Moze da se otvori porodilno I kako se Racuna? Jas imam datum od doktori za termin 24.07-03.08.. Zdravje boze, sto znaci koga najrano Moz da otvoram? Cisto informativno Ako znae nekoj da mi kaze
Zenicki, najprvo sreken 8mi mart na site site da ste zivi zdravi veseli nasmeani sakani i pocituvani Sakav da ve prasam, mene do denes mi e patoloskata i se obrativ kaj maticnata za da ja potsetam deka od utre ke treba da sum na porodilno... E sega taa mi kaza deka porodilnoto ke se otvori koga ke se porodam no so utresen datum, dali toa e taka, dali nesto mi treba nekakov dokument, moze li malku info okolu aktivacijata na porodilnovo? Vi blagodaram
И јас од денес останувам на породилно а не сум породена. Баш вчера се јавив да прашам што документи ми требаат, дали треба да земам нешто за на работа да однесам, ми кажаа дека документи ќе ми дадат кога ќе се породам, со отпусна листа од болница. На работа само ги известив дека документи после пораѓај ќе им доставам, па не ми рекоа ништо
Исто и на мене договорот ми завршува кога треба да отворам породилно. Мислам дека штом ќе отвориш породилно веќе си на терет на фонд и со фирмата немаш никакви обврски, така да отвори го породилното пред да ти заврши договорот.
Zdravo Jas imam prasanje vo vrska so otvoranjeto na porodilnoto koleska moja od rabota koja so invitro ostanala bremena so talosko boleduvanje uspeala da go prolongira otvaranjeto na porodilnoto od 45 dena na 28 samo sto neznam kako ne mi e jasno ima li nekoja iskustvo fala pred se