Vo dilema sum. Nekoj poupaten ako moze da me prosvetli. Jas sum osigirana na 1.10. 2021. Vise sum 36+4, zaotvorena sum i plodovata voda se namaluva, kaj i da e denovive malava najverojatno ce zaizlaga Vo slucaj ako se porodam 31 nasproti 1, samo sto ke projde 00:00 mi sleduva trudnicko ili.... Mora da se ispolneti 6 meseci ili mora i nekoj den da pomine. Malce mi e glupicko prasanjevo i izvinite za latinicava
6 месеци треба да имаш стаж да ти следува породилно. Освен ако си немала прекин и те пријавиле на 01.10 тогаш немаш гајле.
Nema vrska prethodno sto ne si rabotela. Od 1.10 do 1.04 imas 6 meseci tolku staz e potreben za da ti sleduva.
А просекот тие 12 месеци е 100% на плата која си пријавен, или се смета и еве сега јас сум на патолошка и земам 70% значи помала плата па таа ќе ми ја земат во предвид или си останува платата на која сум пријавена? Ова никако да го дознаам сите различно кажуваат
Просекот ќе ти го пресметаат ..и доколку си на 70%значи и помалку ќе земиш...и кратењето за боледувањето влегува во просек.
Значи вака. Исплата на трудничко е 100 %на месечни примања за последните 12 месеци или 6 месеци. Пр. Ако нето плата е 30.000 мкд за 12 месеци користиш, боледување 3 месеци (исплата од фонд е 21000 или 70% од нето плата). За да примаш 21000 мкд од фондот додека користиш боледување треба да имаш пресметка дека платата е 30.000 мкд. Што значи дека ти немаш промена во нето плата туку во просек на исплата. Заклучок: износ на породилно отсуство во случајот е 30.000 наредни 9 месеци.
Здраво, да прашам вака. Јас сама ќе треба да ги поднесам документите за породилно отсуство, па ме интересира некоја мама што скоро прибирала документи што точно треба да ми каже. Фирмата е со седиште во друг град а јас ќе поднесувам во Ск, од таа причина сама ќе носам документи. Доколку знаетњ ве милам пишете ми. Благодарам и убав ден ви посакувам
А од работа м1/м2 нешто такво не им треба? Зошто ќе треба и моите лични документи и доколку треба од фирма се јас да поднесам сама во социјално.
имате барање на страната на фондот за здравство и јас сама си го симнав и маж ми го поднесе, овие документи се наведени како потребни што ви ги напишав.. мислам дека иако седиштето е во друг град на фирмата не би требало да ви бараат уште нешто бидејќи се поврзани.. се поднесува кај црвен крст во фонд за здравство. еве ви го и барањето
јас колку што знам просекот е платата и не би требало во просек да се зема предвид боледувањето, односно исплата од 70 посто за патолошка, баш како што има пишано членката погоре примерот со 30.000. односно не би требало да имаш намалување затоа што си на патолошка. одамна имам работено ова пресметки на плати и боледувања,поднесување и сл. знам така беше
Има искуство некоја со породилно во МК а се има породено во странство? Која е процедурата, дали во Фонд признаваат странски Извод од книга на родени и сл.?
Zdravo sakam da prasam za porodilnoto. Primer jas sum prijavena 02.10.2021 6 meseci pravam utre 02.04.2022, dali ako primer utre se porodis ti sleduva porodilno ili mora da ima barem uste eden den plus pominato? Blagodaram odnapred.
Тогаш немаш гајле. Мене сметководителката баш ми викаше, да помине и тој последен ден од 6ти месец и немаш гајле, као нема да имаат за што да се фатат.