Ми треба една информација. Вака значи терминот ми е 19-ти јануари ,ќе имам 6 месеци работен стаж и право на породилно отсуство,но работата е што оваа година ми тече приправнички стаж и 15 дена пред 5-ти март треба да полагам стручен испит,а ќе бидам на породилно.Дали некој бил во слична ситуација како оваа или има некоја информација во врска со ова?
Пишав и во една друга тема, ама мислам овде е посоодветно, копирам Феминки, ако има некоја од вас што имала две бремености во година и пол мислам ке може да ми каже. Ако при пресметка на просекот од плата кој се зема од 12 месеци има и месеци (пр. Последниѕе 3 месеци од претходото ппрпдилно) кога сум земала пари од фондот, дали и тие ми влагаат во просекот? Или ке ми направат просек од дента кога сум тргнала наработа послее првата бременост, а тоа во случајов би биле само 9 месеци?
Здрави Здраво Ilipili, и јас сум во слична ситуација - приправничкиот стаж ми завршува на 12.08.2015 а јас од 08.06 сум на боледување заради високо ризична бременост! Од работа ми рекоа дека прашале во МИОА и им кажале дека секое боледување над 15 дена значи одложување на пробната работа за тој период и дека пробната работа треба да продолжи за периодот што сум била на боледување откако ќе заврши боледувањето! Исто така никакво решение не смеело да се носи за вработен додека е на боледување!... Не е фер
Девојки, последно читав во закон дека породилното мора да се отвори најдоцна 23 дена пред терминот за породување. Знае ли некоја од искуство (сега тазе што отварала породилно) дали ова правилово стриктно така се применува или може да се оди на работа до последен ден?
Можеш до крај да одиш на работа.Јас го отворив на денот кога се породив.Колку подолго сега на раб толку повеке ке си после со бебето
Ova porano vazese, sega mozes da odis do koga sakas. Jas otvoriv porodilno nedela dena pred porogjaj.
Јас бев во таκва ситуација, и тоа втоρата бρеменост не ρаботев цело вρеме веб на боледување и земав 80% од пρосечна плата, а κога се поρодив земав пρосеκ од минати 12 месеци значи вκупно од фиρмата платата и од боледувањето заедничκи пρосеκ.
Ќе се распрашам баш убаво околу тоа прашање,но како што кажуваш не е ништо лошо тоа,ќе добиеме решение само малите да ни се во ред,другото не е многу важно се ќе биде.
Во право си @ilipili , нека биде се во ред, да ги испилкаме бебулињата, па ќе ја средуваме кариерата!
Здраво. Се обидувам да најдам како се пресметува износот за породилно. Бев на боледување и на почетокот и на крајот на бременоста. Крпев боледување одмор и така се помина некако. Од други трудници дознав дека во просекот за пресметка за породилното не се минусира боледувањето туку се зима нето платата која требало да биде исплатена. Но износот кој го добив очигледно не е така пресметан. Им пишав и на ФЗО, немам кога да одам, уште ми е мало бебчето. Ми одговорија дека несе зима во предвид боледувањето. Го читам и препрочитувам законот и пишува дека за одреден месец се зема износот на кој се платени придонеси (тоа автоматски значи дека платата минус боледувањето). Благодарана бил била и за други искуства. Да знамдали да поднесам приговор или не. Да не одам само за џабе и да го оставам бебево. Се вознемирува секогаш кога го оставам. Фала
За вредноста на примањето просек од 12 месеци, а за да имаш право на породилно треба да си пријавен 6 месеци континуирано пред да го отвориш породилното... А за тие што се само 6 месеци веројатно просек од 6 вадат...
Добар ден, ако после завршувањето на породилното отсуство не се вратам на работа, дали треба да ги враќам парите, некој ми вика треба, некој не треба. Знаете ли вие нешто во врска со тоа?