Законски е 28 дена пред термин, ама многу фирми излегуваат во сусрет и на денот на породувањето отвараат породилно. Во врска со боледувањето колешка моја знам при крај сакаше да отвори боледување од гинеколог да искомбинира некако и потоа трудничко да отвори матичниот не и даде и рекол дека не може така не можел тој да и отвори тогаш законски (не знсм зошто ама нешто со трудничкото бешев поврзано) туку од општ матичен да бара. И знам таа од општ отвори боледување.
Sakam da prasam bev na boleduvanje sea sum 7 mesec aa porodilno to mi ee otvoreno od denes komisijata taka odredilo što može da se napravi vo ovoj slučaj ako ne sakam voklu rano da go otvoram porodilnoto ke treba da se vratam na rabota dali ima nekoe drugo rešeni
Мислам дека можеш да го прекинеш, да се вратиш 1-2 дена на работа и да отвориш после боледување од општ матичен 15 дена
Општ матичен не може да даде 15 дена боледување. Гинеколог може ама дали смее толку доцна во бременоста. Мора од специјалист.
Зошто да не може општ матичен 15 дена? Не сум прашала сеуште, ама јас така планирам пред да користам одмор за да не го отварам порано породилното
Од патолошко боледување, породилното автоматски го активираат од фонд 45 дена пред термин или сам треба да го отвориш? Да знам дали пред тоа прекин да правам па одмор да земам или да ги дотуркам до тие 45 дена на патолошка?
Затоа што општ матичен смее до 7 дена максимум да пише, зависи и дали ќе се нафати и што дијаноза ќе стави. Таков е законот. Со извештај од соецијалист може 14 дена, а ако треба подолго се праќа на комисија.
Морам во фонд да прашам како иде за да знам предвреме ми е муабетот за да испланирам претходно како да уклопам се Сепак фала ти❤️
Општ матичен само 7 дена дава. Јас 33 недела отворив боледување од матичен гинеколог...после комисиски ми го продолжија за уште 9 дена.
Здраво имам и јас некои нејасни работи околу породилното.. Јас влегов во 8ми месец.. ако останам дома од 1ви јуни дали можам да земам од матичен болување 7 дена и да немам никаков проблем со пресметката околу породилната исплата дали пак ќе ми биде 100%.. или може да останам на породилно од 1ви јуни и да немам проблем ништо
Кога си на боледување ќе ти се смета како да си на боледување процентот зависно до бројот на денови. А породилното си е 100% од плата. Не знам што конкретно не ти е јасно, зашто убаво си напишала и самата како што е. Едино ако мислиш за просекот од плата, тој се зема од основицата во последните 12 месеци нема врска со одбитоци за боледувања и сл.
Не ми е јасно дали ако останам од 1ви јуни може да ме сметат во патолошка бременост или нема врска тоа оти ќе бидам веќе во 9ти месец