Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилно отсуство

Дискусија во 'Бременост' започната од Mrs.Bass, 2 мај 2012.

  1. Bibi_23

    Bibi_23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2022
    Пораки:
    781
    Допаѓања:
    1.173
    Да останеш на породилно отсуство или?
     
  2. LadyM1

    LadyM1 Активен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2021
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    да да ако останам на породилно
     
  3. V.N.

    V.N. Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    3.134
    Допаѓања:
    13.762
    Пол:
    Женски
    Од матичен гинеколог не сум сигурна дека можеш да земеш во 9 месец, сепак прашај си, ама од општ матичен можеш (јас се консултирав со мојата и рече дека може да ми даде 2 недели).
    Тоа ти треба претпоставувам за да го отвориш подоцна породилното и нормално подолго да си останеш со бебуш.
    Како и да е, боледувањето нема да ти влијае на висината на надоместокот што ќе го зимаш за време на породилното отсуство.
    Се надевам дека добро сум те сватила што прашуваш и дека добро ти објаснив:)
     
    На LadyM1 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. LadyM1

    LadyM1 Активен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2021
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу да баш тоа сакав да знам фала на разбирање ❤️❤️
     
    На V.N. му/ѝ се допаѓа ова.
  5. the.mona

    the.mona Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2015
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Koga se koristat tie 28dena pred termin dali maticniot ginekolog moze da go otvori porodilnoto ili samo zabeleska stava?
    Mene maticnata mi rece duri otkako ke se porodam mozam da go otvoram a sega si stoi samo zabeleska vo sistemot navodno.
    Ima li nekoja iskustvo so ova?
     
  6. Ireeee1

    Ireeee1 Активен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2021
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    Ми се појави проблем можи и некоја се има соочено, паталошката бременост ми дозволија до 30 април, а од 6 мај влегувам во 9ти и решив да земам боледување од општата матична за да неземам потодилно порано, ама матичната ми рече јави ми се вторник на 03 мај тогаш ќе се договориме и сега ми вика дека ќе можела од 02 мај да ми го пиши боледувањето ама ми викаат можело да си направам проблем за земање на породилно, а незнам како оди тоа, дали има врска со тоа што за 1 ден ќе го прекинам боледувањето дали ќе ми биди исплатено породилно понатаму?
     
  7. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    Мајки тазе породени од прошливе недели, имате некое инфо за вадење извод? До кога ќе штрајкуваат?
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Majra

    Majra Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2016
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Здраво. Не знам каков е тој проблем што ви го спомнува матичната, до лани како што знам породилно можеше да се земе 45 дена пред термин. Од тогаш ја прекинуваат патолошка и ве водат на породилно. Проблем може да биде ако се породите покасно од терминот- го прекалкулираат породилното и така може да ви останат непокриени денови во периодот кога првично било отворено. Тие денови треба да ги покриете со денови одмор; боледување не верувам дека може матичен да издаде ретроспективно. Е тука знам дека е проблем, по свое искуство. Се породив лани во мај и уште чекам прва исплата.
    Извод не можевме да земеме 4-5 месеци, еднап систем еднаш вработени беа проблем. Па никој не реагираше за ова што ви пишав погоре. Кога конечно го увидовме проблемот следеше брканица со гинекологот за корекција на породилното според датум на породување, па денови одмор да барам од фирма итн. За се ова зборнете со гинекологот навреме, прашајте и во фирма ако имате добра комуникација. Разбирање мора да имаат за вашата состојба но навреме решете ги прашањата.
    Секое добро
     
    На Ireeee1 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ireeee1

    Ireeee1 Активен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2021
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    А ако после паталошката земам боледување од општиот матичен лекар потоа од стоматолог и ако успеам од специјалист некој , дали од фирмата можат проблем да ми направат заради тоа? За да не отварам сега породилно
     
  10. Bibi_23

    Bibi_23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2022
    Пораки:
    781
    Допаѓања:
    1.173
    Малку ми е чудно ова со породувањето покасно, што ако немаш одмор? И како да ги покриеш тие денови, Законот вели од 45 дена пред термин. Е сега ти дали ќе пораниш или закасниш не можеш да предвидиш и не би требало да прават проблем.
     
    На Erika.greeneyes му/ѝ се допаѓа ова.
  11. januari19

    januari19 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2019
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    1.748
    Пол:
    Женски
    Мислам дека последователно неможеш да врзеш боледувања подолго од две недели без специјалист.
    Мојот план е после комисиското боледување да си земам одмор 12 дена и боледување од матична 12 дена пa да отворам породилно.
    Ако не ми дадат одмор истава комбинација би ја направила пред да се вратам :D
     
  12. Ireeee1

    Ireeee1 Активен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2021
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    Значи после нема да има никаков проблем со земање на породилното, ако се зема боледување од општата и од друг доктор, никако неможам да го сфатам тоа со земање на породилното
     
  13. januari19

    januari19 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2019
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    1.748
    Пол:
    Женски
    Мене ми е термин 18.07.
    Во извештајот од комисијата ми пишува да отворам породилно на 05.06. Јас сакам од 06.06 да земам одмор 12 дена и после тоа боледување од матичен лекар ( ми рече дека со крвна слика и уринокултура) може да ми даде 14 дена боледување.
    Ако во случај од кај мене од работа не ми дозволат да користам одмор ( највеќе зошто ќе му биде проблем на сметководителот за пресметка на плата), пред да се вратам на работа би го користела одморот и плус боледување од матичен лекар. Ова ми е само разработен план :D
     
    На Ireeee1 и Cloverrrr им се допаѓа ова.
  14. Ireeee1

    Ireeee1 Активен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2021
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    Мене ми е термин 13.06 и сега ќе почнам да земам боледувања колку можам па после породилно да отворам колку толку денови да намалам од породилното, не сакам 45дена порано да отварам
     
  15. Inamya

    Inamya Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    1.475
    Допаѓања:
    4.281
    Пол:
    Женски
    Девојки здраво. Вака на одмор сум моментално уште 10 дена, после тоа треба да отворам породилно (ако не се породам до тогаш) и ако се породам дали се ова документи што се носат во ФЗО: потврда од матичен за породилно,
    Образец од ФЗО,
    Копија од лична карта,
    Копија од трансакциска, дали е тоа се?
    Дали се истите овие документи и за породена и за бремена сеуште?
    Screenshot_2022-05-09-11-42-10-973_com.google.android.apps.docs.jpg
    Овој ли е образецот од ФЗО?
     
  16. Elizabeta_88_Eli

    Elizabeta_88_Eli Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2020
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво здраво,
    Дали некоја од вас има проверена информација (или да ми посочи каде може да проверам) колку е максималната сума што фондот ја исплаќа во тек на породилно отсуство.
    Хипотетички: Ако во изминатите 12 месеци сум била пријавена на нето плата од 200 000 денари, дали ќе земам породилно исто 200 000 денари во текот на 9 месеци или сепак има некој лимит?
    Правам некое истражување, па ваш одговор би ми бил драгоцен :)
     
  17. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.546
    Допаѓања:
    5.446
    Има лимит од 4 просечни плати, ама која цифра се зема за просечна и колку е точната сума ниту јас не успеав да дознаам. Ако најдеш информации пиши
     
  18. Elizabeta_88_Eli

    Elizabeta_88_Eli Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2020
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2022 година, изнесува 29 839 денари.
    Еве официјален извор: https://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=40
    Тоа би значело дека нареден месец, максимално породилно што фондот може на некоја мајка да го исплати е 29.839 X 4= 119.356 денари.
    Ако некоја членка има дополнително инфо, плс нека пише
     
  19. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.546
    Допаѓања:
    5.446
    Мислам дека се пресметува по просечна плата од минатата година а не секој месец да е различна сумата, ама не сум сигурна.
     
  20. Elizabeta_88_Eli

    Elizabeta_88_Eli Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2020
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Според тебе, сумата би била помала од оваа погоре што ја пресметав? (119356 ден)