Здраво, како успеавте да извадите извод и дали ова е во Скопје ? Ние исто имаме поднесено пред 20 дена, денес прашавме , толку беа дрски и арогантни, не сакаат да ни издадат извод... Ни се кочи целиот процес за здравство на бебето, а и моите порпдилни исплати
Дали бевте до таму? Мајка ми беше прееска бидејки ми треба да вадам извод и закажам регистрација, и таму и рекле извод да си поднесам онлине. Пробајте до таму, или ако има можност за нов извод за новороденче онлајн.
Отидете и замолете ги. Веќе претераа сите. Да неможе човек да заврши работа што секој втор е на штајк. Знаат за се нешто да бараат не постар извод од 6 месеци, а од друга страна овие штрајкуваат и на пола си.
Јас земав извод после 20тина дена од раѓање. Може да се поднесе, а за зимање малце да досаѓате таму. @Мm222
Некој број од здравствено да прашам за породилно.. немам исплата заради извод подоцна поднесовме а крај март сум породена
Здраво девојки Кои документи ми се потребни да ги поднесам за породилно отсуство и дали би имала проблем што презимето ми е сменето само на лична карта во фондот се уште не ми е
Колку е максимален износ што може да ти го дадат од фондот како породилно и дали се сметаше просек или последна исплатена плата?
Здраво, дали има некој рок во кој треба да се однесат документи во фонд дека е отворено породилно? Бидејќи породена сум пред месец дена , заради штрајкот сеуште не ни извадиле извод а без него не примаат документи во фондот и нема исплата? Некоја со сличен проблем? Поздрав
Мислам дека нема да има проблем, па посебно во вакви услови. Мене ради х причини ми ги закаснија документите од работа 5 месеци и зедов породилно наеднаш за тие 5 месеци.
Zdravo mamicki, imam nekoe nejasno prasanje, od deneska mi e otvoreno porodilnoto inace patoloska bremenost t.e 45 dena pred terminot, prasanjeto mi e isplatata od fondot ja davaat od koga ke se porodis, ili od denot koga ti e otvoreno porodilnoto, zasto sepak se dosta denovi ?Vi Blagodaram
Значи иако си на породилно, ама додека да се породиш нема да пуштаат пари така? Јас 20 дена порано ќе го отворам боледување и тие денови ќе ми ги исплатат дури кога ќе се породам?