Јас немам лично искуство, но знам дека ако го прекинеш порано, фондот треба да продолжи да ти исплаќа 50% од думата до истекот на 9 месеци, а фирмата секако да ти ја исплаќа цела плата.
Дали некој би знаел одговор на следново.. Дали доколку таткото е на породилно боледување од почеток, може да го прекине истото во текот на тие 9 месеци и наместо него да продолжи мајката на боледување до крај?
Не, познавам личност што од почеток беше сопругот на породилно. Затоа ова другово ме интересира, доколку излезе некој пресврт на околности.
Здраво, јас го отворив во 9ти месец породилното, со тоа што само најавив на матичната да отвори, и на работа официјално соопштив месец дена однапред. Тоа е се за сега? После што ќе следи? Прв пат ми е, а ништо не објаснуваат од кај матичната, затоа шарам барам по форум.
За сега да. После породување со отпусно писмо идеш кај матичната ти дава ИСР образец пополнет. Едно ти е за во Фонд, едно за на работа. И потврда ти треба за еднократна помош од социјално.
Јас откако се породив на работа однесов породилното отсуство земено од матичен, копија од изводот на матична книга од родените, и здравствена книшка за бебето. Па потоа тие ги проследија до ФЗО.
Здраво. Речиси цела бременост сум патолошка, ако може да ми каже некој дали за породилно ќе ми се исплати сумата на која сум моментално осигурана од фирма или ќе се прави просек на платата што сум ја зимала за време на бременоста (која е на товар на фондот и изнесува 70% од просек на последни 12 плати)?
И јас така знам. Ама од фонд ми рекоа пак просек се прави на 12плати ама тие износи од патолошка не се рачунале туку на колку си осигурана.