И уште ова, мене ми е породилното отворено на 22 јуни, породена на 7ми јули, плата за јули не ми следува, нели? Бидејќи работодавецот ми прати за цел јуни, меѓутоа ќе правеле некоја исправка мислам.
Работодавецот треба да корегира. Плата треба да ти пушти од 1.06 до 21.06. Од фонд ќе ти стигне за периодот од 22.06. - 30.06. После за Јули, цела од фонд
И кај мене имаше таква грешка. Сметководителот треба да направи нова пресметка и да ја достави во фонд за да ти исплатат породилно како што треба
Денес отворив породилно кај матичниот, но не го однесов документот веднаш кај сметководителката, претпоставувам им треба кога спремаат плата во септември за август?
И јас го отворив денес, минатата недела се породив, ама на работа ми рекоа најдоцна до 25 август да го однесам тогаш ја спремаат платата. Е сега не се сеќавам дали и извод од малото треба за на работа да знам дали да го чекам па се на куп или не
Ако ти ги носат документите во фонд од работа боље ти е се на куп, ако носисш сама нив не им треба извод. Сега можеш и слика да им пратиш за да знаат за исплата. Јас така направив.
Здраво девојки, на мене ми е 6 пуни месеци за стаж до 18.02.2023. А термино ми е 15.02.2023. Дали ќе ме следува породилно? И дали може пример 1 недела после породување да се пријавам за породилно?
не, ако се породиш пред 18.02.2023 нема да ти следува, не можеш покасно од денот на породувањњ да отвориш породилно
Zdravo, Znaci ke mi trrba pomos ako nekoja se razbira. Imame svoja firma,rabotam vo nasa firma,ima mnogu meseci sto ne bev na rabota i realno ne mislev da otvoram porodilno. Se porodiv pred 4 dena ama nemam vrska sto treba da napravam,dali sega mozam da nosam dokumenti, ako da kade treba sto tek treba da napravam za da mi sledi porodilno? Prijavena sum od ped 3 godini na rabota
матичниот гинеколог треба да ти даде иср, на страната на фонд за здравство имаш барање и таму пишува што се треба, треба извод од бебето исто и копија од твоја трансакциска колку што се сеќавам, го пополнуваш барањето и поднесуваш во фонд за здравство
па не знам дали има рок ама додека извадите извод сигурно ќе помине еден месец,ја поднесов месњц ипол два откога се породив
Kako be izvod od rodeni eden mesec ??? Sakate da kazete otkako ke se porodish na drzavava im treba mesec dena i poveke za da ti dadat izvod od rodeni ??? Izvinite , jas deka sum od drug grad po adresa a ziveam skopje, i ke se poragam tuka , kade treba da izvadam za bebeto izvod od rodeni ???
па ја се породив во декември, фати нова година, бадник ,божиќ и сл и да чекав месец дена, ваљда иде побрзо во друг период