Zdravo na site, Dali treba da odam negde za zatvaranje na porodilnoto ili dovolen mi e listot od mat.gineklog sto mi go dade koga go otvori?
Ништо не треба да правиш, освен да се вратиш на работа. Може да користиш одмор или боледување после тоа.
Mozam odma da povrzam so 2 nedeli od opst maticen moj, pa sakam odmor da zemam i 2 nedeli od maticen na bebeto? Taka se povrzano? Ti blagodaram
Dali nekoj moze da mi kaze za porodilno ako 6 meseci primas minimalec 18000den i potoa uste 6meseci 30000den znaci vkupno 12meseci, e sega kako se racuna sredna vrednost?
Дали по завршувањето на породилното уште од следниот ден може да се користи годишен одмор (колективен) или мора барем еден ден да се направи прекин?
vaka sakam da prasam od februari se vrakjam na rabota inace pak sum trudna so 2 na pocetok sakam da prasam dali moze rabotadavecot da me izbrka od rabota ili pak da otvoram trudnicko a terminot e avgust
Ако си на неопределено не може да те избрка. Во случај ако си на определено и договорот ти завршува пред август, тогаш може да не ти го продолжи.
Можеби не е за темата баш,ама не најдов посоодветна. Пред некој ден ми стигна писмо од фондот за здравство.,дека кога сум била на патолошко боледување и породилно, направиле техничка грешка при пресметката на саатнината и сега ми бараат 8000 и нешто денари да им вратам. Треба таа или тој што згрешил да врати зошто јас Сакам да прашам дали некоја е имала ваква ситуација и дали има простор за жалба .или ќе си платам ич како ништо.
Пријавена сум во фирма 6 месеци плаќам придонеси за да можам да искористам породилно, кога и каде што се треба да се поднеси и кога јас имам уште околу месец дена до пораѓај. Пријавена сум во друг град не каде што живеам се надевам тоа не е проблем?
Не сум сметководител, мислам дека кога ќе отвориш породилно треба да го однесеш во фирмата кај што си пријавена. Сигурно имаш контакт со некој на кој ги даваш парите за придонеси прашај сигурно ќе знаат или барем ќе те поврзат со нивниот сметководител. Породилното го отвара матичниот гинеколог. Нена врска тоа што си пријавена во друг град.
Zdravo majki. Jas se porodiv na 09.12i dostavia dokumenti za da se otvori porodilno no jas sega duri vo 01.12 pravam 6 meseci. Trebase da se porodam kraj na Januari i togas znam deka ke bese se vo red. No sega vo Fond kazale ke me.odbijat no predvreme se porodiv od komplikaci so bremenosta Nesto sto moze da se sluci. Dali.mislite deka moze da se sredi dali ima nekoja slicna situacija
Малку не ти го разбирам постот. Ако си направила 6м на 01.12, а си се породила ма 09.12 тогаш е во ред и ти следи исплата, ама под услов и породилното да ти е отворено на 09.12. Инаку и за ден да ти фали да се полни 6 месеци на ден на породување, за жал нема да ти следи породилно
6 полни месеци имаш на 01.12? Или 6 полни ќе имаш на 01.01? Ако ти се во Јануари, не те следува за жал
01.07 bev prijavena 01.01 mu spaga 6 polni 09.12 se porodiv predvreme i ne mozev toj den zaradi sto bara izvodi na bliznacite. denes uspeavme da im izvadime izvodi. Toa e toa sto da pravama