Нема да се крати, туку поинаку ќе може да се организираат тие 9 месеци, а плус се предлага и таткото да добие 4 месеци породилно што ќе може да ги користи или паралелно или наизменично со мајката + 15 дена платен одмор веднаш по раѓањето на детето. Ама ова е се уште на ниво на некаков предлог, новиот закон за работни односи со години го спремаат, никако да го пуштат. Има муабет дека годинава ќе биде, ама дури не видам не верувам. Еве ти линк што викаат на вести. https://fb.watch/i2CDNg_ip8/
Предлог закон во изработка е. Да има мајчино, татковско и родителско отсуство. Мајчиното да е 5 месеци. Татковското 15 дена а да може да се подели на два дела, првиот дел ќе мора да се земе од денот на раѓање, а вториот до крај на тие 5 месеци. И потоа родителско отсуство, 4 месеци за мајката и 4 за таткото. Значи вкупно 13 месеци. За мајката секако остануваат тие 9 месеци само што 5 се како мајчино отсуство а 4 родителско. Е сега не кажаа ништо во однос на исплатата како ќе е. Односно дали останува просек од плата од последни 12 месеци. Или за родителското отсуство ќе биде нешто помалце (зошто така е во многу европски земји).
Истото си го помислив, се надевам ќе остане ист надоместокот, во спротивно делува дестимулирачки. Во секој случај многу ми е мило што и таткото конечно се смета за родител и добива некакви законски права кога станува збор за одгледување деца.
Даа, одлично е тоа. Јес да мене нема да ме фати сега законот ама за второ здравје се надевам Плус прочитав дека ќе има измени и во однос на работа со нецело работно време, работа на далечина и слично, поради нега на дете, што исто така е супер. И ми се допаѓа што веројатно ќе може мајката и после 5тиот месец да се врати на работа, а таткото да остане со детето, па по 4 месеци пак да си продолжи мајката. Се на се ако е вака е супер законот.
Породилно ќе ти следува, но ќе биде на најминималниот износ доколку детето е родено во Шведска. За документи мислам дека е многу краток периодот, би ризикувала да се породиш таму без документи и да треба да плаќаш како приватно здравство.
Dobro vecer. Dali smeam da rabotam so dogovor na delo avtorski dogovor za pisuvanje knigi, dodeka sum na porodilno? Dali smee da imam drug prihod osven porodilnoto na smetka?
Искрено, јас мислам дека е покоректно и покорисно на мајките да им се зголеми породилното отсуство од 9 на 12 месеци отколку овој модел на отсуство што се предлага.
Јас не се согласувам. Може да е избор, тоа би било идеално, ама ова е одлична прилика и таткото да се вклучи повеќе во целиот процес а мајката да се врати на пазарот на труд.
Кажаа и за надоместокот за родителското отсуство. Ќе биде 100% платено т.е просек од последните 12 месеци, исто како што си е породилното.
Искрено не гледам проблем со законов, напротив редно време беше и татковците да имаат можност за еден период каде што целосно ќе се грижат за детето како и мајката. Мојот сопруг конкретно би бил пресреќен ова ако се усвои. Со тоа што дополнително се предложува и решение за паузи за доење или скратено работно време за мајките, како и можност за работа на далечина искрено мислам дека се дава решение и за мајката и за детето и за таткото. Особено ми се допаѓа флексибилноста што самото семејство може да одлучи како ќе го користи отсуството. Ќе видиме што ќе донесат на крај ама вака мене ми се допаѓа.
Зошто? Ај да доаѓа предлогов од машко да разберам, ама од жена? Индиректно даваш до знаење дека само ти како жена/мајка си одговорна за раст и развој на детето. Исто така се ставаш самата во позиција да си дискриминирана на работното место. Да те прашуваат кога планираш да раѓаш, колку деца имаш итн. Супер е законов, не сфаќам зошто некој би се бунел кога му се дава право на едно младо семејство да ужива во заедничките моменти во наjkревкиот период од растот и развојот на детето.
Да, одлично е, само се надевам дека отсуството ќе биде баш загарантирано со закон затоа што познавајќи ги македонските газди едвај чекаат да најдат некоја дупка во законот и да не ти го дадат тоа што ти следува.
Таткото исто треба да биде вклучен во растот и развојот на детето. Со помош на законот ќе се разбијат и табуата кај нас дека детето е обврска само на мајката, а и редно е и мажите да се стават на наше место
Воопштено правам муабет, имајќи го во предвид нашиот менталитет, на поголемиот дел од мажите тоа ќе им дојди ко одмор. Бабата ќе го чува бебето, таткото ко на распуст.
Па не секогаш бабите можат да ги чуваат децата, на некои парови ова премногу ќе им значи, како нам на пример. А и сопругот мој би бил пресреќен да ја има оваа можност. Од друга страна, да, се согласувам со тебе, ќе има и такви што ќе го злоупотребат законот.
Mozes. Jas so prvoto bev na porodilno, ama zamenata na rabota dade otkaz na denot koga se porodiv, a bez taa pozicija ne mozese da funkcionira institucijata, pa mene me angaziraa so dogovor na delo. Rabotev od doma, koga mozam, i se sto bese za postpis mi nosea doma. Nemase da se soglasam da ne vlijaese na odredena kategorija na lugje moeto otsustvo. Ama nemav nikakov problem so toa sto bev na porodilno i imav dogovor na delo, odnosno dopolnitelen prihod.