Здраво, дали доколку си на патолошка па на породилно просекот за плата од 12месеци е од 70% (колку што даваат на патолошка) што ги зимаш или од 100% плата?
Јас бев од 5ти месец на патолошка и зимав потоа породилно нешто помалку од цела плата. Не сум сигурна за износот,но не беше 100%. Бидејќи се гледа просек во последните 12м
deneska e 17 januari jas uste ne sum otvorila porodilno no kaj mene vo firma od 1 januari ima pokacuvanje dali koga ke otvoram ke me sleduva ili ke zemam plata po staro od posledni 12 meseci?
Просек од последни 12 месеци. Ако отвориш во февруари породилно а земеш и јануарска покачена плата, породилното ќе ти е 11 месеци старата плата плус јануарската покачена, делено на 12.
Здраво девојки, ние што сме на патолошка мораме 45 дена пред термин да отвориме породилно, колку дена ке треба порано да се вратиме на работа - 45 или?
Добро дали се нормални дека чекаат извод од бебе за да ти пуштат породилно... па што со оние кои отвараат породилно 45 дена порано, дур земат извод еве мене 2 недели ми направи, 2м и кусур нема да земат плата а сите знаеме колку чини ново бебе дома... Не се нормални, ако и утре не е готов изводот ќе земам ќе кренам таква џева, абе телевизии ќе активирам. Срамота! Клексани на приватно си купуваш, па одозгора морало да ти се поклапаат датуми, можело да не ти вратат пари, морало да ти бидат документите вакви онакви... Фонд за здравство се такви идиоти што не постојат поголеми и потешки. И јас сум во администрација ама вакво играње мајтап со народ, не сум си дозволила нит јас нит мојата институција.
Скоро два месеци чекам да ми исплатат за клексани..и тоа за еден месец .Патем имаат пари, се изживуваат..А за боледувањата немам коментар.Тиња од држава...
Плус, зошто се чека фирмата да пушти плата...Парите од боледување веќе со години наназад фирмата ги плаќала за нас..односно од нас..
Кога сме на тема, за колку време ти рекоа дека ќе е готов изводот? Тапкам во место ништо не можеме да завршиме по институции зошто немаме извод. И јас се надевам утре да е готов, ама некако ми мириса дека ќе има расправии
Мене ми рекоа за 10 работни дена т.е за две недели дека ќе е готов изводот и така беше. Пред недела и пол ми пуштија породилно и за ноември и за декември, а од работа ги поднесоа документите кон 20ти декември.
@AngelOfArh Инаку да, колешка што отвори породилно 45 дена порано чекаше да се породи па да извади извод па после да поднесе за породилно
А јас таман си помислив пошто ќе отварам породилно 45 дена пред термин таман ќе ми стигне додека се породам