Прво рекоа за 7 дена, после за 10. Ај тоа ама мм рекол изводот ќе го подигне од нашето матично, таму недела дена го маткаа и на крај му рекле дека заборавиле да испратат барање и дека во петок ќе биде готов. Петок ќе биде 21ви, а имаме поднесено на 4ти, 17 дена сосе викенди, а му рекле дека се брои сосе викенд.
Нашиот после 30 дена го дадоа. А го пријави мм уште во болница,имаше таква можност. Да,јас имав отворено 45 дена пред термин породилно,и земав дури откако стигна изводот на бебето. После 2ипол месеци,можеби и три.
Istoto go pomisliv Sekoja cest na isklucicite, alal da im na ovie clenki e sto si nasle sovremeni mazi sto da kazam stvarno zablazuvam ! Ama realnosta e deka ziveeme vo Mk i mentalitetot na nasite mazi vo golem procent e za zal slicen eve kako kaj mojot soprug , bukvalno nema edna pelena smeneto na malata dodeka bese bebe . Toa bi go pravela definitivno majka mu . Nie sekako nemame sansi za vakvo nesto da koristime oti ima privaten biznis koj sto sekako ne moze da go napusti i cetiri meseci da cuva bebe , ama duri i koga ne bi bilo taka da e vraboten toj nekade jas glava secam deka tie cetiri meseci bi bil na platen odmor a majka mu bi gi cuvala decata Otkako porasna ja zema so nego ama koga moze da i zeme nesto normalno za jadenje i da ne ja misli i ja seta so nego e na primer 2-3 casa nema problem ama koga bese bebe teoretski sansi nemase da mu ja ostavam cel den da ja cuva
Ve molam za odgovor dali nekoja majka bila vo mojava situacija. Dogovorot za rabota mi e so data 28.02 a toa e krajniot datum na poroduvanjeo i posle mi istekuva ne sakaat da mi go prodolzat a ke ispolnam 6 meseci staz.Dali mi sleduva trudnicko so ogled na toa deka nema da sum veke vrabotena?Vi blagodaram odnpred
Ако имаш 6 месеци нептекинат стаж те следува породилно. Веројатно само треба да го отвориш до 28.2. Породилното ти го исплаќа фондот значи со фирмата ништо нема да имаш.
Отвори го барем ден пред да ти истече договорот за максимално да си заштитена и да, ќе ти следува породилно.
Моментално после патолошка користам стар неискористен одмор и од 01.02 планирам да отворам породилно. Бидејќи најверојатно нема да бидам породена, можам да земам некаква потврда од матичен на 31.01 за да однесам на работа некаков документ, па штом се породам дури тогаш се отвора и породилното, ретроградно?
Ima tatkovci sto neznaat da se grizat za bebinja taka da tie meseci ke propadnat po moe mislenje jas mislam nakdobro e majkata da bide site 12 meseci,posto site tatkovci mebse rodeni za cuvanje Fala bogu poznavam iskucoci za tatkovci vo sekoj smisol ama ima takvo I sto ne se sposobni.
Ne ama znam takvo sto me bi sedele doma so bebinja posto nemozam da se snajdat ahhaha taka da neznam so da kazam neka I'm e so lesno
Па сигурно не треба поради такви сјајни примероци да бидат ускратени и оние што подеднакво си ја сфаќаат улогата на родител како и мајката. Кој земал од "неспособните" нека му ја мисли, што да кажам. Не можам да разберам како ова е валиден аргумент искрено. По се изгледа живееме во некоја паралелна реалност.
Јас да бидам искрена по однос на ова прашање, мислам дека колку мајката е мајка, толку таткото е татко. И не може никој, ама баш никој да ми каже, не може таткото да се снајде со бебе. Е може. И те како може. Кај нас дома двајцата учествувавме при грижа на првото, кога се роди, и до денес, и сега со второто е така. Дури за првото може да кажам за бањање тој сам бањаше од старт, зашто јас имав огромни главоболки и едвај стоев. Значи кога се сака се се може. И сега е така. Го чува за да одморам. Го пресоблака, бања. Дури сам ме праќа со поголемата да прошетам, а тој дома со бебе. Така да, треба само можност да им се даде, и ќе се покажат колку добро знаат да се грижат и чуваат бебиња.
Јас се чудам секогаш кога ќе слушнам дека за таткото се збори ко за странец кој кога ќе му се посака ќе го погледне детето и толку. Маж ми и јас немаме помош од нашите родители и сестри и браќа (сите се во странство) и сите обврски буквално ги делиме и околу детето и околу домот. И баш ни е убаво. Да не зборувам дека на почетокот бидејќи ме болеше раната од царскиот, тој го бањаше, пресоблекуваше и ми го носеше. Искрено се надевам дека сите ние жени еднаш ќе сфатиме дека кога се мажиме, бараме партнер во животот со кој сме на еднакво рамниште, а не во потчинет однос. И како што спомнаа погоре неколку членки, детето е заедничко, што значи и обврските се заеднички. A ако ние како жени не се бориме против тоа, ќе остане како што некоја погоре кажа „менталитетот“. Од нас зависи и од нас зависи каков ќе биде односот на нашите машки деца во иднина кон жените.
Се согласувам, детето, обврските и одговорностите околу него се заеднички. И јас секогаш се објаснувам, не, сопругот не МИ помага околу детето. Тој се грижи за СВОЕТО дете. Кај нас родителите се тука, ама јас не сакам баба и дедо да ми го исчуваат. Може да помогнат некогаш, ама ние сме тие кои треба да се грижат, чуваат и воспитуваат. Ние, двајцата, подеднакво. И до сега, по однос на ова прашање, супер ни оди.
Здраво, дали во извештај од специјалист треба да биде нагласена препорака за боледување како би можел општиот матичен да ми отвори 15 дена? Она несакаше ни 7 дена да ми даде претходно. Во извештај е наведен тип на терапија и препорака за операција (тироидна). Инаку само што ми заврши породилното
Колку што знам треба да биди нагласена препорака за боледување, веројатно испуштил специјалистот. Како инаку би знаела матичната дали за таа терапија и операција потребни се 3 дена боледување или 30.
Zdravo,se porodiv so bliznaci i porodilnoto mi e otvoreno na 15 meseci megutoa ednoto bliznace pocina po 40dena, imame izvod na rodeni za nego, seuste ne e prijaveno deka e pocinato, na nikogo ne posakuvam vakvo iskustvo no mi treba informacija dali ke mi go skratat porodilnoto sega na 9 ? Blagodarsm
Дали знаете кој е рокот за отварање породилно откако ќе го добиете отпусното писмо или од пораѓај... Колку дена е, ако има рок ?