Дали има некој поупатен или од фондот да знае да ми одговори на прашањево. Разговарав на работа и договорот ми е на определено, во текот на породилното ќе ми заврши и можно е да ме одјават кога ќе ми заврши договорот. Тоа во ред, не е проблем за мене и да ме одјават ќе нема каде да се вратам на работа после породилното. Но што е со сите пари до тогаш што ќе ги имам примено, дали реално фонд има право да ги бара назад? Дали после одјавата ќе продолжам да зимам породилно или не?
Да ќе имам тоа секако и ќе почнат да ми исплаќаат здравје фонд после пораѓај. Мене ме интересира што ќе се случи кои последици ќе ги има ако ме одјават во тек на породилното. Имаше сега брзо една мајка статус на фб дека во таква ситуација фонд ги барале да ги врати назад сите исплати на породилното до моментот на одјава. Зарем е можно такво нешто да направат. Правото за породилно се остварува пред да се отвори породилното.
Назад сите пари? Абе како може така,нема логика.Па ти не си крива што ти раскинуваат договор глупости.
Се согласувам потпотлно. Повеќе ми има логика фонд да речат пример ете после датумот на одјава нема да ми исплаќаат пари за остатокот од породилното, отколку да речат се што си примила до сега да вратиш назад. Тоа ако ми се случи ќе биде многу забавно.
И јас мислев така, но тоа важи само ако си на неопределено. Доколку си на определено откако ќе ти заврши договорот а не се продолжи смеат да те одјават.
Да, затоа девојката што ја снајде тоа си поведе постапка… Меѓутоа, во овој случај, е на договор на определено. Тука нема отказ, туку договорот завршува и толку. Мислам дека членката ја следува породилно со самото исполнување на условот, но бидејќи се работи за ваква важна тема, би предложила консултација со адвокат. На крај се надевам дека нема да ти биде грижа ова и дека де ќе биде во ред.
Искрејно план ми е доколку не ми го продолжат договорот да се пријавам кај пријатели во нивна фирма. Не ми се ризикува со фонд да си имам проблеми. За исплатите после одјавата не е проблем, но ако ги побараат сите пари добиени до тогаш ќе биде забавно, ќе се соберат 6 месеци некаде. За да го избегнам ова би си се пријавила на друго место. Препоставувам нема проблем за време на породилно да се пријавам во друга фирма притоа да немам прекин? Е на ова не ми текна.
Не смеат дате одјават додека си на породилно законски. Треба само да го продолжуваат договорот додека ти трае породилното. Ако те одјават а ти продолжиш даземаш пари ќе треба да ги вратиш парите за времето од кога те одјавиле додека последно имаш примено. Ама за ова можеш да тужиш и ќе си добиеш на суд.
И јас бев убедена дека е вака, ќе се карав со Човечки ресурси, но се си има во законот да не кажам дупка, ако си на определно и те како има право со престанокот на договорот да те одјави. На член 101, конкретно став 3 мислам од Закон за работни односи Забрана на отказ поради бременост, раѓање и родителство Член 101 (1) Работодавачот не смее да го откаже договорот за вработување на работникот за време на бременост, раѓање и родителство, за време на сместување на дете кај посвоител, отсуство од работа за родителство од страна на татко или посвоител на дете и скратено работно време поради грижа за дете со развојни проблеми и посебни образовни потреби и спреченост за нега на дете до тригодишна возраст. (2) Отказот на договорот за вработување е ништовен, доколку на денот на врачувањето на отказот работодавачот бил запознаен со околностите од ставот (1) на овој член, или доколку работникот во рок од 15 дена од врачувањето на отказот го извести работодавачот за постоење на околностите од ставот (1) на овој член со доставување на соодветна потврда од овластен лекар или надлежен орган. (3) Околностите од ставот (1) на овој член не го спречуваат престанокот на договорот за вработување склучен на определено време, со истек на времето за кое тој договор е склучен.
Да ама тебе ти истекува кога ќе бидеш на породилно. Без разлика дали боледувањето е породилно, за нога, рака итн нема право фирмата да те одјави тогаш. И ниедна фирма не одјавува кога си на боледување т. е. мислам дека и системот не дозволува во аврм да те одјават. Нај искрено прашај си во аврм и ќе добиеш информација
Е незнам што да кажам, во човечки ресурси на работа ми кажуваат дека веќе и имаат искуство и други колешки како мене ги одјавувале најнормално по истек на договорот. И на линков така пишува. https://rabotnik.com.mk/престанок-на-договорот-на-определно-н/
Доколку работниот однос сепак престане, вработената има право на користење на паричен надоместок до завршување на породилното отсуство на товар на Фондот за здравствено осигурување. Што значи штом ги имаш условите можеш да користиш парична помош. Јас колку што знам доколку на бремена жена и се прекине договорот, а на нејзино место се вработи друг човек имаш право на тужба за дискриминација. Зошто колку што гледам на нив им е во пракса така да си играат, но треба да биде и другата страна заштитена. Ако можеш договори се барем да трае договорот до крај на породилно. А и ова не ми е јасно зошто ете ако си на патолошка бременост пак не може да те избрка, знам братучетка на мм дека не можеше да ја одјави вработената иако и имаше истечено договорот поради тоа што користеше боледување.
Да не реплицирам, искрено толку дупки постојат, што сметам дека за ова навистина треба да се позанимаваат нашиве политичари, особено кога цело време се збори за зголемување на наталитет. На една бремена жена, покрај сите мисли, уште ова и фали, да се плаши што ќе се случува кога ќе се породи. Страшно! Чисто како предлог, зошто не стапиш во контакт со девојката која ја одјавија, туку така влегувајќи во систем. Она ги крена сите на нозе, и новинари и невладини, консултираше адвокати… може веќе знае што да те советува или каде да те упати, доколку те снајде вакво нешто (што искрено се надевам нема). Ако не знаеш која е пиши, ќе ти го кажам профилот. И јас навистина верувам дека ова нема да стане пракса и нема да си поигруваат со жените во најранливиот период.
Нема шанси да ти ги барааат парите назад. Штом имаш 6 месеци непрекинат стаж и ќе отвориш породилно, после и да те одјават ќе земаш породилно. Девојката не знам како ја одјавиле, случајот е комплексен и веројатно ја одјавиле ден два пред пораѓај или кога се породила (но секако не можеш да отвориш породилно додека не добиеш извод за бебето) и и исплатиле породилно бидејќи нормално породилното почнува кога ќе се породиш (иако подоцна поднесуваш документи) но веројатно подоцна увидуваат дека е одјавена пред да поднесе за породилно и и ги бараат парите назад. Ова е моја претпоставка, не знам како е точно ама во секој случај е крајно нечовечки. Тоа се тие дупки во законот за жал, но мислам дека ти немаш простор за грижи.
Имам пишувано до сега, ама пак да ти одговорам.Правник сум и работам човечки ресурси 11 години.Баш така е како што имаш пишано согласно Законот за работни односи.Работодавачот може да те одјави и за време на породилно отсуство само доколку договорот ти е на определено време, затоа што во тој случај договорот ти престанува по сила на закон.Но во сите такви случаи ФЗО е должен да продолжи со исплатата на средства до крајот на породилното отсуство.Ова важи за сите случаи и кога доаѓа до престанок на работодавачот за време на породилното отсуство.Со тоа што средствата понатаму се исплаќаат од страна на фондот како и претходно.На тој начин е заштитена жената за време на породилно отсуство од страна на државата.А тоа што читаме дека фондот барал да се вратат назад веќе исплатени средства, стварно не знам што да кажам.Ист случај кога ФЗО исплаќа средства по основ на болест за нега на дете до тригодишна возраст.Откако јас работам секогаш беше 100 посто износ, а од пред некоја година почнаа со исплати од 70%, што не е законски и не е во ред.Ама кај нас се е можно, претпоставувам во такви случаи треба да се покрене судска постапка.
Имаше девојката пишано… мислам дека и во одредени сајтови беше изнесена информацијата. Сега е решено, во нејзина корист секако. Она добивала породилно, меѓутоа во меѓувреме адвокати на газдата со токен влегуваат во системот на АВРМ и внесуваат отказ…бидејќи системот не им дава дека е на породилно…затоа после и ги бараа средствата назад. Баш денес прочитав дека породилното и продолжува и дека не треба да враќа назад пари.
За ваквите да влезат во затвор и никогаш не излезат. Ако веќе сакаат да бркаат трудни жени па не ги ни вработувај само мажи нека работат и готово. Болни умови се навистина.