Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилно отсуство

Дискусија во 'Бременост' започната од Mrs.Bass, 2 мај 2012.

  1. juice_

    juice_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2021
    Пораки:
    468
    Допаѓања:
    933
    Значи страшно е ова.
    Јас искрено не знам со која совест го прават. Па не трошат никакви средства. Фондот исплаќа. Затоа не не бива. Наместо ние да ги заштитиме жените во најранливиот период, повеќе ги утепуваме. Немам коментар.
    И се додека не се санкционираат овие работи, не се казнуваат ваквите ‘газди’ ова ќе продолжува.
    Да, некој ќе каже договор на определено. Добро. Ама нека биде задолжително продолжувањето на договорот. И во моментот кога некој ќе го стори она што дотичниот ни газда го сторил, казна и јавна осуда. Сите да знаат. Белким ќе се подзамисли за друг пат. Ако има срам и совест де.
     
    На Iris-1234 и CareTee им се допаѓа ова.
  2. Mila_Mia

    Mila_Mia Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2022
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    155
    Пол:
    Женски
    Ако може некој да ми објасни како оди постапка за породилно?
    Што документи треба?
    После колку време исплакаат?
     
  3. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Јас на мојот бивши газда што ме измалтретира максимално во бременоста му кажав само "имаш и ти ќерки господ гледа" па се присобра малце ама џабе му е. Нашиве газди тука зинат им е шупакот за пари. Треба законот да го сменат жените дирекно да се вработуваат на неопределено за да не можат вака мајмунски да играат, зошто прњмногу жени се оштетени.

    Кога прочитав и затаа од просветно дело што не и го продолжиле договорот, а и уште колку имало предходно како нејзе, за срамота е.
     
    На juice_ и CareTee им се допаѓа ова.
  4. CareTee

    CareTee Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    1.239
    Допаѓања:
    3.595
    Пол:
    Женски
    За жал за оваа дупка во законот не ни знаев дека постои, одсекогаш сум мислела дека се додека имаш активно породилно без оглед на договорот определено / неопределено не смеат системски да те одјаат. Но еве и тоа можело и те како да се направи. Ќе видам имам уште доста време јас до тој момент, но секогаш сакам одапред да сум спремна за сите можно сценарија.
     
  5. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    17.225
    Пол:
    Женски
    Мислам дека имаше една жена што и направија вака и ги доби на суд. Ама не е целата поента да се бафта човек по судови…
    Нашата гнила држава.
     
    На CareTee му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Маја Т

    Маја Т Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2017
    Пораки:
    2.143
    Допаѓања:
    6.673
    Пол:
    Женски
    Да, ова од секогаш постоело во Законот.Но што и да се случи, немаш потреба од грижа затоа што Фондот во секој случај ќе продожи со исплатата на средства.Единствен проблем би бил кога би била одјавена уште пред започнување на породилното отсуство.Еве едно мислење од еден од подобрите професори по трудово право на Правниот факултет. Screenshot_20230330-125449_Chrome.jpg Screenshot_20230330-125501_Chrome.jpg
     
    На CareTee му/ѝ се допаѓа ова.
  7. CareTee

    CareTee Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    1.239
    Допаѓања:
    3.595
    Пол:
    Женски
    Да го прочитав истово, и ова е океј. Само тоа ме плаши со Фондов како никогаш човек да не е на чисто како ќе изреагираат. За одјава пред породилно секако нема да ме одјават, но за после немам гаранција, може и ќе ми продолжат договор може и не, ќе видиме. Фала ти.:)
     
    На Маја Т му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mila_Mia

    Mila_Mia Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2022
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    155
    Пол:
    Женски
    Никој незнае да одговори?
     
  9. Маја Т

    Маја Т Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2017
    Пораки:
    2.143
    Допаѓања:
    6.673
    Пол:
    Женски
    Од документи треба: Боледување од матичен гинеколог;
    Извод од бебе;
    Копија од трансакциска сметка и копија од лична карта и
    Барање Образец н2 (можеш да го симнеш од интернет), во два примероци.
    За исплата мислам кај секој различно, колку што се сеќавам во првата бременост, ми исплатија после 1 месец од поднесување.
     
    На Mila_Mia му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mila_Mia

    Mila_Mia Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2022
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    155
    Пол:
    Женски
    Јас пред термин ке отворам породилно. Документи треба да однесам во фирмата откако ке извадам извод од бебе?
     
  11. Маја Т

    Маја Т Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2017
    Пораки:
    2.143
    Допаѓања:
    6.673
    Пол:
    Женски
    Во фирма го носиш едниот примерок од боледувањето веднаш штом ќе ти го отворат.Доколку од фирма ти ги поднесуваат документите во твое име, после ги носиш другите документи (извод, копија од трансакциска и лична карта).Доколку сама ги поднесуваш до фзо, нема потреба да ги носиш останатите документи ви фирма.
     
    На Mila_Mia му/ѝ се допаѓа ова.
  12. One Life *

    One Life * Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2020
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    Дали има некакво влијание врз висината на паричниот надоместок за породилно доколку сопругот е осигуран на мене?
     
  13. Mravce

    Mravce Популарен член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    802
    Нема
     
    На One Life * му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Не :)
     
    На One Life * му/ѝ се допаѓа ова.
  15. merry.blues

    merry.blues Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    31
    Дали некој знае како се пресметува надоместокот за породилно отсуство? Знам дека се зема за последните 12 месеци, но што ако почне породилното на 15ти во месецот на пример? Како ќе се рачуна платата од последниот месец? Ме интересира бидејќи до пред 9 месеци имав дупло помала плата од сега што имам, работев пола работно време бидејќи довршував факултет, па се имав договорено да ми плаќаа придонеси на минималец. Затоа ми прави голема разлика дали и како последната плата ќе се рачуна во просекот.
     
    Последна измена: 6 април 2023
  16. Freckles.

    Freckles. Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    4.824
    Ќе направат просек според работен час. Значи пр ако за пола месец си зела 15к, а месечно зимаш 30к, и отвориш породилно на 15ти,ќе ти рачунаат пола тој месец, пола од пред 12 месеци како ти излегува.
     
    На merry.blues му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MimiMajli@123

    MimiMajli@123 Активен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2022
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    Здраво, сакав да прашам дали одкако ќе стигни решението од фондот ги исплаќаат сите средства наеднаш за месеците што сте чекале ? Јас сум на породилно од 02.03, но денеска ги поднесов документите, а за решението ми рекоја дека можи да ми стигни и по месец дена.
    И дали решението треба да се однеси во банка ? Малку ми е чудно затоа што со документите се поднесува и трансакциска сметка.
     
    На Bebence29 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mila_Mia

    Mila_Mia Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2022
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    155
    Пол:
    Женски
    Дали можам да отворам боледување пред да отворам породилно?
    Пример 2 недели пред породилно боледување да отворам па да си продолжам со породилното?
     
  19. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.025
    Допаѓања:
    40.365
    Пол:
    Женски
    Влегува последниот месец во пресметката на просекот без разлика дали бил цел. Јас јануари имав големо покачување, а плата само за еден ден (се породив на 03.01) и таа плата ми влезе во пресметка на просекот.
     
    На merry.blues му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mravce

    Mravce Популарен член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    802
    Преку гинеколог несмее ако е 28 дена пред краен термин тогаш мора трудничко, и јас истото го прашував, пробај да видиш дали може преку матичен
     
    На Mila_Mia му/ѝ се допаѓа ова.