Да им се плукнам на ваквите најлошото е што од жена ова произлегува. Па ако не да не раѓаме воопшто? Како о гледаат тоа како најголем грев да е.
Јас работам машка физичка работа и јас у нејзини очи сум робот. Ќе мењам да се породам, откако се вработив тука освен плата јака др аир не видов.
Ми може многу, на еден месец сум договор, немам потпишано од кога оставав на патолошка. Ме држи у раце. Доволно е системски да ме одјави и чао породилно.
Нема да и се ризикува до толку зошто знае дека не е како порано веќе и инспекцииве чешлаат доста. Во предхона фирма каде што работев газдата има сестра адвокат пуштаа тужби брда и долине му ветуваше и на крај ништо не доби само си фрлаше пари по суд. Со оглед на тоа дека работиш машка физичка работа на нејзе пак ќе и треба човек,а дека ќе се осмели тој истиот да не го пријави за вработен толку месеци неверувам
Пред да одам на патолошка консултирав 2 адвоката и инспектор од УЈП (мои луѓе се сите) , сите рекоа дека законски ако сака да не ми продолжи работен однос може и не и можам ништо. Они како фирми се заштитени, вели доволно е системски да те одјави и толку е. Нема потреба веќе од тебе, поминал договорот на еден месец и толку... Ништо живо не ја дира ако сака да биде нечовек. Кога ме пушти ми нагласи "ти плаќам 90 % прв месец и додека не се вратиш на работа си под Фонд. Толку јас можам да направам ". Немам намера да ја буцкам, имам план после како да си го продолжам породилното уште 3 месеци, додуша јас немам ама човеков што ќе ми фаќа врски на клиника ми рече ќе ми го среди и тоа со матичен (врска немам што е тоа, 2 пати бев бремена и не сум останала ден плус дома под Фонд надвор од тие 9 месеци) ама ете има начин. Ќе гледам се да искористам зашто и онака за трето дете ништо не даваат маму им нивна.
Да точно е за договорот дека ако ти прекине толку е зошто си на определено, но доколку она вработи друг на твое место во периодот додека си трудна или моментално бара работник тогаш се води како дискриминација, можеш да тужиш за тоа бидејќи испаѓа ради бременоста она тебе не ти продолжува договор.
Колку време после отварање на породилно ве исплатија? Се породив пред 5 недели, знам дека се завршени сите админ обврски од фирма кај мене, па ме интересира кога можам да очекувам. исто така еднократна парична помош од град скопје и општина, кога ве исплатија после поднесување?
Здраво мамички. Прва бременост ми е и не сум запознаена со некои работи. Дали може матичен гинеколог да ми пиши во 33 и 34 недела 2 недели боледување, односно да не го отворам породилното туку да терам прво со обично боледување од матичен гинеколог, па денови од одмор да користам па после тоа да отворам породилно што поблиску до термин?
Здраво, имам прашање. Дали мора да се отвори породилно 28 дена пред раѓање на бебето? Бидејќи така пишува на неколку веб страни, пример: https://www.pravdiko.mk/koi-se-vashite-prava-pri-porodilno-otsustvo-i-bremenost/ Периодот кога може работничката да го започне отсуството за бременост, раѓање и родителство врз основа на наод од надлежниот здравствен орган, е 45 дена пред раѓањето, а задолжително 28 дена пред раѓање. Мене термин ми е 25ти декември, ама јас имам неискористен одмор што го пријавив од 10ти декември. Значи цел декември планирав да го терам со денови од одмор и после тоа планирав да продолжам со породилно. Дали е ова изводливо или не?
Јас сум 37 недела, сеуште одам на работа. Кога го прашав гинекологот кога најкасно можам да отворам породилно ми рече на ден на пораѓај
Можеш од денот на породувањето да го отвориш породилното. Јас до 38 недела идев на работа, па земав одмор до породување.
Здраво да прашам, ми рекоа дека породилно отсуство може да се отвори на денот на породување, но што доколку тоа се случи за викенд а матичните не работат? Има ли некоја вакво искуство. Сакам да издржам подолгo, за потоа да си имамам цели 9 месеци, но викендите ме плашат. Фала