и мене ме интересира истото, после колку време почнуваат со исплата, и што треба да се поднесе за еднократна парична помош ?
Воопшто да не се секираш, се отвара породилно и уназад...јас се породив во петок, се јавив на матична во понеделник и отворив породилно со датум на породување
Јас добив исплата од фзом после 5 дена откако ги поднесов документите. Град Скопје колку што знам не дава, а зависи во која општина си, не даваат сите. Најдобро отвори веб страната на твојата општина и провери.
Да ти кажам кога ве читам и се чудам што се ви бараат од документи...отпусно одвај земав после два месеци, до тогаш имав поднесено и за породилно и за помош за прво дете, отпусното ни ми го побараа ни го покажав некаде...можеби помал град затоа...иначе само за отварање породилно ништо не ти треба, секако мораш да отвориш за да знаат од фонд кога ќе носиш документи кога си под нив...јас се јавив кај матична за да ме заведе во систем и после ми издаде документ што ми требаше за во фонд и потврда за прво родено дете што ми требаше за помош
I jas dobiv isplata od fzo, okolu dve nedeli posle poroduvanje. A za ednokratna paricna pomos od Skopje, dobiv potvrda no ne znam sto ponataka. Dali toa znaci deka ke me isplatat?
Jas porodena na 29.09.2023 isplata od fond imav na 25.10.2023 vetojatno za toj 29 .09.zosto od denot na poroduvanje mi e otvoreno.E sega dali treba da reagiram ili za Oktomvri full ke mi isplatat od fondot.Verokatno isplatata mi bese za toj 29.09 samo
I jas dobiv isplata posle 5 dena.No ne kompletna izgleda malku ne mi e jasno..Ko za eden den isplata dobiv..No pretpostavka valjda za toj eden den od mesecot.Valjda za oktomvri full ke mi bide
Одма ми дадоа отпусно за двете деца и одма ми ги бараат на матичен за да отворат породилно колку што јас знам и сега во Коруновски рекоа тоа е отворено но чим се породиш мора да го донесеш кај нас. Мора да има некоја врска, што знам. Најверојатно за исплата...
Да за исплатата, тоа е боледувањето всушност ама еве јас ти кажувам после два месеци го земав отпусното, никој не ми го побара, дури го зедов мислам веќе имав прва исплата...изгледа до матичните зависи...можеби тие бараат да се покриени дека стварно си породена
Jas podnesov vo fond i za 5 dena isplata imav od fondot,no kako za eden den mi bese taa isplara..jas porodilno otvoriv na 29.09.2023 na denot od poragjaj.(petok)Otpusno ne mi baraa vo fondot. Izvod od dete,licna karta,transakciska i od maticniot dokumentot za porodilno otsustvo.
Мене со првото дете ми го бараа од кај матичниот отпусното мое, знам сестрата ми рече мора да видиме под која шифра/дијагноза те отпуштаат. Ако ми пишеле една шифра кога го отвараат породилното, а на отпусното после има друга шифра ќе сум имала проблем со исплата. Затоа им треба отпусното на матичните.
Ние што сме на патолошка мора порано да отвориме породилно, но кога треба да поднесеме во фонд за исплата? Може одма или мора после пораѓај со извод од бебето?
Само еднаш тоа ти е породилното уствари само што не го отвараш дента кога се пораѓаш туку 45 дена унапред.