Здраво,дали некоја добила пари за декември, породилно отворено од ноември ,сеуште не сум исплатена, ми стигнаа и решенија за рефундирање на клексани, ни од тоа нема пари пуштено, каде да ставам во контакт со нив? Тој бројот што го имаат на странава не им функционира
Мене овде секогаш ми враќаат брзо info@fzo.org.mk Немам исплата за клексани инаку чекам на 02ри поднесов обично побрзо пуштаа до сега
Жени, дали може личност што е у Шведска си работе таму на скратено време и е осигурана, да ја осигурат и тука у Мк, да си плаќа месечно придонеси и да земе и од тука породилно здравје кога ке се породи? Значи и од таму и од тука? Не прашувам за мене, ни дојде таква тема на муабет..
Ако пуштено е со шифра плата и платени се придонеси за таа сума, тогаш влегува. Можеш да си видиш на извод со каква шифра е пуштен додатокот.
Здраво девојки Фирмава каде што работам последниве три месеци не пушта плата, немаме веќе здраствено два месеци и најверојатно ќе оди во стечај. Јас сум на боледување, патолошка. Има ли некој познавање од ваков случај или правен начин за ваков случај за да може да земам породилно и не го изгубам? Фала многу
Здраво имам едно прашање,од неодамна се вработав во нова фирма со договор на 6 месеци,дали доколку останам бремена во меѓувреме имаат право да ме одјават кога ќе заврши договорот ? Или има некои правила за трудници? Поздрав
Да имаат право да не го продолжат договорот. Има правила за отказ да може да се добие само за потешка дисциплинска повреда, со одобрување од синдикатот или од инспектор на трудот.
Вработена сум од 25.9.2023. Дали за породилно ќе се сметаат сите месеци колку што сум во фирмата или последните 6? И дали има некој проблем ако последните 4 месеци сум на скратено раб.време, 4 саата?
Од последните 12 месеци се смета просекот за породилното. Тоа што си на пола работно време сигурно ќе влези во игра..
Тоа не ми е јасно, јас нема да сум 12 месеци. За пола раб.време ќе имам пола плата, тоа знам, и во ред е. Мислев нема пречки други, сепак сум во раб.однос, ако е на 4 саата?
Здраво, дали овој месец ќе доцнат поради празниците или и во јануари почнуваат овој период со исплата?