Не е задолжително, јас го отворив на дено кога се породив, може за патолошка е поразлично, ама и тогаш остануваат повеќе дома користејки денови одмор
Ако си на патолошко боледување треба да се отворе 28дена пред термин, а ако одиш на работа не е задолжително. Јас со второто дете го отворив една недела пред да се породам,т.е. 10тина дена пред термин
Законски е задолжително, еден месец пред термин за нормална бременост, 45 дена пред термин за патолошка. Во пракса, сите користиме одмор или си одиме на работа до последен ден зошто за да се отвори породилно треба да отидеш кај гинекологот, нема тој да ти отвори сам, никој не води евиденција до толку. Ако си способна да работиш до пред пораѓај, зависно каква ти е работата, ќе си одиш до крај, и породилно ќе си отвориш на денот кога ќе се породиш.
Zdravo mami, sigurno ima nekade ama da ne baram, sto dokumenti se nosat vo fond za porodilno, a sto vo socijalno za ednokratna? P.s kolku vreme cekavte da izleze maticen broj na bebceto?
Добро утро девојки, сакам ваши искуства да споделите во врска со ова. Бремена сум и работам на определено време кое ми истекува на 9ти февруари. Со газдите се договорив дека ќе ми го продолжат договорот на неопределено со тоа што ќе ми важи од 10ти февруари. Прашањето ми е дали ќе имам дупка во стажот, за да немам проблеми со оородилното?
Здраво, би сакала да ми каже некој ако знае со сигурност.. Бев вработена 2ипол месеца, па имав прекин 4, и сега сум повторно вработена (6 месеци до пораѓај). Според тоа дека се зема просекот од последните 12 месеца, а треба да имаш минимум 6: дали во оваа пресметка влегуваат и тие 4 кога имам прекин (ќе се сметаат како 0), се сметаат само тие месеци кога имам примања (просек од 8ипол месеци) или пак затоа што имам прекин, ќе се смета само просек од последните 6? Имам прашано веќе неколку сметководители, фонд во градот во кој живеам, фонд во Скопје, и сите имаат различен одговор. Благодарам.
Ако имаш прекин во стаж последни 6 месеци. Мене и матичната ми кажа и мене дека последни 6 ќе ми земат, тука ми пишаа 12 месеци, ама јас две години немам прекин во стаж.
Здраво, да ве прашам дали знаете ако се користи породилно боледување дали може да се примат приливи за хонорарно работење, договор на дело, за други фирми или не? Благодарам
zdravo dookolku firma/fabrika se zatvori bi mi sledelo porodilno? vo juni e terminot a se planira negde juni da se zatvori
Здраво на сите,молам совет од вас .. Јас сум на патолошка моментално, е сега во меѓувреме кај мене на работа платата се покачува за доста поголема сум од тоа што земам моментално (паралелно на сите) .. ме интересира,како ќе се одвива исплаќањето понатаму кога ќе бидам на на породилно? Нели тогаш се исплаќа 100% Дали колку што сум земала досега или со покачувањето колку што ќе земаат останатите..?
Ако веќе си под фондот, не ти следува покачување, и понатака нема да ти е поголемо породилното. Пресметките се прават врз основ на последните плати што си ги земала пред боледување (патолошко/породилно боледување сеедно) а не според тоа што твоите колеги сега земаат. Платата би требало да ти се корегира кога ќе се вратиш на работа.
Да дополнам само, породилното е просек од платата за последните 12 месеци. Значи ако 10 месеци си земала плата 30.000 денари, а следните 2 месеци имаш покачување и земаш пример 45.000, породилното нема да ти биде 45.000 туку 32.500.
Е тоа стварно мислам дека не е фер. Патолошка плус породилно и некое боледување попат, значи две години со иста плата, а фирмата покачила плати. На оваа инфлација и поскапувања не оставаат на цедило. Стоки. Баш ме интересира како е регулирано ова во странство ако има некоја членка да каже.
Ама во конкетниов случај, она не е на работа за да и покачат, на патолошка е. Нема како да и покачат кога приходи не зема од фирмата веќе. Значи иако покачиле на сите вработени на последната плата, нејзината плата сега доаѓа од фонд и ќе си биде иста како претходно. 70% додека е на патолошка, 100% откако ќе се отвори породилно, од платата што ја земала додека одела на работа
Да да, јас само се надоврзав општо за пресметката како се прави за породилно дека од многу вака сум слушала дека мислат е 100% од плата, а всушност е просек од минатите плати, па настанува збунка кога породилното ќе стигне помало од пример последната плата (за тие што имале покачување). Ако 12 месеци зема фиксна плата тогаш е 100% исплата, ако имало промени тогаш е просек од платите.
И тој просек како го прават само тие у фонд за здравство си знаат. Еве кај мене полесно за пресметка нема, 6 месеци земав 27000, наредните 6 месеци 33000 плата и си викам породилното ќе ми биде 30000, кога ми префрлија сега на 16ти гледам 28900. Така да да не ве чуди ако ви исплатат помалку од просекот од последните 12 плати.