И јас некоја ваква математика удрив, тоа што добив беше 300-400ден помалку со првото дете. Ова твоево голема разлика е. Сега имам иста плата 11 месеци, само еден месец имам значително помалку (грешка при мењање фирми), ќе видиме колку ќе афектира на крај.
Бонуси и прекувремено ни исплаќаат како дел од плата. Тие влегуваат ли во просек или фирмата им дава потврда колку е основица на плата? Инаку и мене ме интересира што доколку се зголемат платите на цела фирма додека си на породилно?
Тоа може да ти зголемуваат кога ќе се вратиш...додека си на породилно те плаќа државата и пресметката се прави во моментот на отварање на породилното
Штом ги пуштаат како дел од плата, односно ако плаќаат придонеси и за нив тогаш и тие влегуваат во пресметката. Кај мене во фирма имаше покачување кај другите вработени додека бев на породилно, мене ми покачија кога се вратив на работа. Не знам дали е правило вака или добра волја на работодавачот.
Дали има некоја што уште нема добиено ниту една исплата, документите се поднесени на 15.12.2023? Каде да се обратам за инфо?
Ако имаш 6 месеци стаж и отвориш трудничко пред да затвори фирмата, да, ти следува. Додека си на породилно си на товар на фондот, од нив земаш пари. Е сеа ако фирмата се затвори, ќе мора да се осигураш преку маж ти додека најдеш нова работа, здравствено нема да имаш со затворена фирма.
zdravo zenski firmava se zatvora za 1 nedela a 1 godina. veke imam staz vo firmava kako trebi da postapam da zemam.barem porodilno ili da otvoram bolovanje
Сериозни очигледно се, ама дали се нормални којзнае. Немам намера никого да навредам, секој се бори за себе, ама што сме криви ние и нашите деца да не остават без средства за егзистенција. Па после паѓал наталитетот, чудно ќе биде да е поинаку.
И одма да отвориш боледување, првиот месец е на товар на фирмата. Ако се затвори за една недела, нема да исполниш услов за патолошка. Побарај фирма сама да се пријавиш некаде, сама да си платиш придонеси, внимавај да немаш прекин во стаж.
Здраво. Дали има некаква опција да се земе породилно доколку ми фалат само неколку дена од тие 6 месеци?
Mislam deka nema, ako se porodis pred da napravis 6 meseci ostanuvas bez porodilno, mene mi falea nekolku dena a bev na patoloska i ne ni bev informirana deka falele pa ne mi isplatija ni denar od patoloskata
zdravo znaci bolovanje od maticen otvoren mi e do 20ti februar vtornik ili sreda ke me odjavat od firmava ke se prijavam vo druga firma avttomatski se prekinuva bolovanjeto ili ? kolku denq trebit da se pocekat za da otvoram.nov vo novava firma.ili poinaku e neznam ???
Може само: Спојлер: 1. ако бременоста е повреда на работа и професионално заболување, 2. ако си вработена како замена за друга вработена која е на породилно (додека ѝ трае породилното!) или 3. ако си ослободена од плаќање на придонесите од задолжително социјално осигурување согласно Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност.
Dobar den majki. Dali imate zemeno pari za porodilno ovoj mesec? I koga obicno vi legnuvaat pari na smetka: pocetok, sredina ili kraj na mesecot?
Дали знаете контакт (мејл или телефон) каде може да прашам кога ќе ми биде исплатено породилно? Помина доста време не знам ни дали е нормално да се чека толку долго...