Не е изгласано, поточно не е ни (официјално) предложено во Собрание. Има можност, ако не користиш ти породилно, да го користи таткото.
Здраво женски, дали знаете после колку време од пораѓај може да се отвори породилно? Боледувањето ми е до 29 фев. а термин 15ти март па се мислам дали да го искористам одморот од работа па после породилно или од 1ви март да одам на породилно.
За отворање породилно отсуство треба: 1. барање, 2. извод од родени за детето, 3. извештај од матичниот гинеколог, 4. копија од трансакциска сметка. Дали треба уште нешто? Кој ги носи овие документи во Фондот, фирмата или ние? Дали на барањето треба да има печат од фирмата?
Здраво. Улетав на фб на пост каде женичка ја одјавиле додека била на породилно во 7миот месец од породилното. Она и за 8ми и 9ти месец породилно земала од фонд, а сега од фонд и рекле да ги врати тие пари од последните два месеци затоа што била одјавена тие 2м. Нов закон ли е ова?!?! Еве јас сум со термин 12 Август и кажано ми е дека нема да ми продолжат договор после 31ви Август. Значи од 1ви септ останувам без раб. Ама услов за породилно нели имам исполнето и ќе зимам 9м???
Глупости, од каде сега ова? Значи мора да сме пријавени и додека сме на породилно? Па секој може да не одјави така. Од каде да сме сигурни ние? Нели за породилно е битен условот?
Незнам жена една на фб пиша дека така и направиле. Во коментарите имаше и друга жена исто и направиле. А коментари има дека ДА, се преќинувало породилно ако те одјават додека си на породилно. Според мене немаше логика... Мене ми рекоа дека септ договорот нема да ми е продолжен, да аплицирам кога ќе заврши породилното пак. Ама породилно ќе зимам, иако август ќе се породам.. а септ веќе нема да сум вработена.
Мора да работи фирмата , да бидеш во работен однос за да земаш породилно. Не оставај да бидеш без договор. Ќе ти го прекинат породилното.
Ама имам пријателки кои ги имаат одјавено, односно не им продолжиле договор. Породилното си го зимале. На сите на мојава работна позиција истото им го прават и сите зимаат породилно. Јас сум на договор 1 год, кој истекува на 31.08. Јас до тогаш имам исполнето услов, ќе се и породам. Породилно треба да ми следува, па дури и да не ми продолжат договор од 1ви септ.
Има некој закон, безвезе. Бар како што сфатив вака е: Ако те ОТПУШТАТ во тек на породилно со ОТКАЗ, породилно се прекинува. Во бременост не смее отказ, ама во породилно отсуство смеело. А доколку не ти продолжат договор, односно те одјават само со непродолжување на договорот. Истекува во тек на породилно договорот и ете не го продолжуваат. Породилното си тече 9м.
Имаше ситуација ваква, на фб неодамна читав, па членката на суд отиде и го доби спорот. Ти си работела мин 6м пред пораѓај, нема зашто да не ти следи породилно, единствено што нема да имаш е здравствено, тоа преку сопруг ќе се осигура ама за другово ми нема смисла. Епа ај ич да не раѓаме ако вака се тресеме кога ќе не одјават, абе има ли некој нормален во измочанава држава, што им е намерата, да не сотрат како нација, ич да не раѓаме или да си заминеме сите од тука, боже Господе. Наместо да воведат бенефиции како додатокот за 3то дете и барем некоја ситна помош месечна за секое дете како во други земји, тие и од уста да можат ќе ти земат, леле притисок ми се крена. Мариз, најпаметно да си се исконсултираш со адвокат ти за ова за секој случај, а не знам и зошто сакаат да те одјават од работа па пак да те пријавуваат после 9м, што им е проблем да плаќаат само придонеси за тебе (ако не де и тие под фондот)
И за отказот не знам баш, отказ даваат значи ако си со договор на неопределено, ако си на определено тоа е или продолжување или не продолжување на договор. А за неопределено па дур си на породилно, нито не ти можат а кога ќе се вратиш на работа, не смее плата да ти пипа мислам 3м (во смисла да ти намалат) и 6м мислам от завршување на породилно не смее да те отпушти. Баш тука или на фб некоја членка правно упатена кажуваше
Незнам, не сум само јас. Уште една колешка имам трудна со мене исто. Праша на раб веднаш и рекоа дека доколку си го отвори породилното пред истекот на договорот, породилно 9м ќе си зима.
Јави се во фонд не се потпирај само на тоа. Кај нас вработена замина во странство, не ја одјавивме додека не и помина породилното за да нема проблеми. Ама не се на определоно. На неопределоно им се договорите. Може @kukla21 знае.
Треба да внимаваш како ќе те одјават. За да добиваш треба да те одјават со истек на договорот за вработување. Не знам дали е истиот случај. Oтказ среде породилно отсуство - од мајката побарано да ги врати парите на државата Но и Правдата е задоволена: Победи мајката Филимена која ја избркаа од работа додека беше на породилно
Здраво добив решение од фондот денес за исплата на породилно 194.96 денари по час. Што значи тоа колку ќе ми биде месечно породилното?