Породилно е просек од 6 последни плати? Мене ми излегува просек околу 46000. Дали толку ќе си земам или има некоја сума до која даваат, пример до 35000 само?
Здраво може ли некој подетално да ми објасни процедура за породилно отсуство да го земе таткото, а не мајката. Кој го дава/отвара породилното за него? И дали се покрива 100% од плата. Колку зема плата толку ќе е и породилното така? Дали има ограничување од фондот пошто платата му е повисока? Благодарам.
100% од примањата на сопругот (не може повеќе од 219.664 денари). https://deca.mk/za-shest-godini-211-tatkovtsi-na-porodilno-vo-makedonija/
Благодарам за одговорот, искрено не знам дали би се сложиле да одам на патолошка, зашто реално јас сум им потребна. Малце контрадокторно е ,но целата рабпта е дека јас сум само 11 месецо во формава и сппред нов сум требала да стекнам искуство минимум една година, па да планорам семејство вака испаѓало деја сум дошла само за порофилно,што не е така. Наместо да хп вреднуваат и гледаат мојот труд и да ме задржат да се вратам после породилно, они се однесуваат крајно непрофесионално ... такви се газфдите во оваа фирма се лутат и деново од одмпор кога зимаш а не пак друго...
Да во право си, они не ценат никој во суштина, долгогпдишни работници што направиле мнпгу за бизнисот нне ги ценат а не пак мене
Така што види ако можеш да се договориш. Пробај… Мене ми се згади од односот на една прочуена фирма кај нас, што бркале трудници… Дно…
Како не, кои се они да ти кажуваат после колку време треба да забремениш, бог да чува. Кај мене колешка што по 12г борба за дете и едно едвај успешно ивф, остана трудна природно после 1м откако се вработи, и велеле природно никогаш дека нема да забремени па не се ни пазеле, Х ситуации вакви ина. Друга исто, се префрли кај нас, по 2м забремени. Двете немаа ни 1г во фирмава кога се породија. Си се вратија регулар на работа и уште подобри беа во тоа што го работеа. Тој што те цени, нема да мрчи за вакви работи, туку ќе биде фер.
Нема што они да се сложат да одиш на патолошка, не се они тие што треба да ти дозволат. Ако мислиш дека ти е потребно да земеш боледување, земи си и готово. Јас сум скоро 7 години во фирмава па они уште се шокирани од мене што решив да раѓам...
Работата е што сум на договор на определено и секако може да ме одјават бидејќи сум месец за месец. Ќе се изгура до крај нркако, ќе гледам да отвораам порано породилно, ако мо дозволат да си го земам и одморот и така. Револтот е голем кај мене и ќе барам друга работа дефинитивно ,зашто супер им бев и добив покачување истотака ,и откако соопштив бременост ладен туш добив. Почнав да не чинам ,не сум работрла ,деново од одмор што земав неколку по потреба им пречи, а имам уштр доста денов истар одмор што треба да го искоростам до јуни...
На маж ми во фондот му рекле ако немам 12, туку 9 месеци имало некоја друга пресметка за породилно. Каква е таа, нема да е пак просек од 9 плати?
Дали ако мајката е невработена, породилното може да го земе таткото или треба и мајката да го исполнува условот на минимум 6 месеци непрекинат стаж за да може да земе тој?
Мислам дека не може бидејќи во законот се употребува зборот „работничка“, но најдобро да прашате во ФЗО. Да треба 6 месеци непрекинато, освен ако:
На одмор ќе бидам до 31 мај. Породилно треба да се отвори на 1.6 или може и на 3.6 оти 1 е сабота, не работи матичната?
Ако фирмата кај што работиш не работи за викенд, можеш понеделник да го отвориш. Ако сабота и недела ви се работни, мораш да отвориш од први, тие два дена мора некако да се покријат. Тоа што матичната не работи е небитно, во понеделник ќе ти извади боледување без разлика дали почнува на први или трети.