Породена и породилно отворено на 16 јануари, ми заврши на 10 октомври. Се брои 270 дена, а не 9 месеца. Бидејќи има месеци и по 31 ден, нормално е да е некој ден порано од точно 9 месеца.
Да така е, и јас го отворив на денот на породувањето, на работа треба да се вратам 4 дена пред да направи 9 месеци.
da prasam vie sto sto otvorivte boleduvanjeto na denot na poroduvanje ne mi e jasno sto ako se porodam navecer? sto ako e vikend i maticnata ne e na rabota? neli najkasno treba na denot na porajgaj da se otvori..
Мила не се секирај, може да ти отвори матичната за датум уназад мислам до 1 месец. Јас се породив на продолжен викенд празник, додека собереме документи за во фонд поминаа 20тина денови, кога отиде мм кај неа да дособере потврди тогаш ми го отвори на датумот на кој и кажав
Се породив во среда, дома ме пуштија во петок, породилно отворив дури следниот петок, значи после 10 дена. Не е никаков проблем да се орвори покасно, секако ќе имаш извештај од болница кога си се породила и мора од тој ден да биде отворено породилното. Поголем проблем е во фирма дека треба да го однесеш, пример имав колешка што се породи на 29ти, а ние обично плата земавме на први, и додека она не донесе боледување, не можеа на сите да ни пуштат плата дека се пушта за сите наеднаш, и тој месец ни пуштија неколку дена покасно, кога она успеала да донесе отворено породилно.
zdravo na site . otvoriv porodilno od 17.05 do 09.06 ( neli mozis 28dena pred) a termin mie 14 juni! kakva ke bidit isplatata i koga
Исплата ќе добиеш од како ќе се породиш, извадиш извод за бебето и однесеш документи во фонд. После поднесени документи се чека исплата до 1 месец
Здраво ,да ли постои некаков рок до кога може да се поднесат документи за породилно во фонд ? Ќе помине 1 месец од кога отворив породилно но сеуште не ги собрав сите документи за да ги однесам
Zdravo sakam da prasham vo vrska so porodilnoto..Porodilnoto mi e otvoreno od 8.11 do 3.08 mi trae taka mi pishuva vo izvestajot od maticnata.So sto na 5ti treba treba da pocnam na rabota.Prashanjeto mi e dali treba nekoj drug dokument da se zeme deka e zatvoreno porodilnoto ili toa sto e izvestajot samo..Da napomenam maticnata e vekje vo penzija i sega moram druga da baram maticna pa da baram na vreme..I dali me sleduva odmor od koga ke se vratam od porodilno ppsto vekje na rab pravat spisok za leten odmor
Колешка не и требаат пари, па донесе документи за породилно кога бебето и направи 4 месеци. Така да не верувам дека постои рок.
Ако се отиде на породилно пред време, еве на пример термин ми е 25ти јули, а отворам породилно на 15ти јуни, дали од отварање породилно веќе сум на товар на фондот или сеуште фирма плаќа придонеси?
Под фонд си, без разлика дали ќе се отвори породилното 45 дена пред, 30 дена пред или на ден на пораѓај. Само не можеш да поднесеш документи за да земеш пари од фонд додека не се породиш и извадиш извод од бебето.
Да, само со закаснување. Пример отвориш породилно 2 недели пред пораѓај, па поднесеш за извод една недела после пораѓајот, па ќе земеш извод после 2 недели. Ќе поднесеш во фонд, па ќе добиеш исплата после 2-3 недели вообичаено. Значи може и до 2 месеца да поминат од последната плата што си ја земала до првата исплата од породилното. Не ти кратат ништо, парите ќе ги земеш, ама колку порано се отвара породилното, толку поголем период ќе имаш без приходи. Јас бев на патолошка, отворено породилно 40 дена пред термин на почеток на јануари. Прва исплата од породилно имав на крај на март, преку 2 ипол месеца откако отворив породилно.