Здраво, не ми е многу јасно со законот за породилно отсуство па да прашам, 14та недела сум фактички 4ти месец, најдов фирма што би ме пријавила за да си искористам породилно со услов сите давачки на наша сметка е сега бидејќи се бара 6 месеци непрекинат стаж дали има шанси да искористам породилно или сепак е многу доцна
Јас сум останата бремена крај на октомври, а успеав да се пријавам на овој начин од почеток на декември. Искрено да ти кажам, да, имам време до термин ама секако е паника за дали ќе фатам породилно зашто нормално секоја бременост си е различна и можни се компликации. А ти ќе треба скроз до термин да го носиш, здравје да успееш, за да го фатиш породилното. Подобро тргај си парите на страна. Сепак ова е мое мислење. Моментално придонесот за минималец е 10800. И уште нешто што прочитав, 6м и 1ден е, не се само 6месеци.
Ако се е во ред со бременоста, ќе фатиш услов за породилно. Ама никој не може да ти гарантира дека ќе тераш до термин. Јас имав одлична бременост, па се породив во 37ма недела од нигде никаде иако немав проблем. И еден ден порано да се породиш од тие 6мес, немаш право на породилно.
6м или 6м и 1 ден е? Мене дека ми кажаа дека има можност за предвремено породување па бројам денови само да поминат....
И 1 ден. Кумашинката моја се породи во 00:03, буквално за 3 мин го фати тој еден ден, иначе нема породилно.
Zdravo nekoj sto znae za porodilno otsustvo dali moze da mi pise ili da mi kaze kade da citam ve molam
Здраво Сакам да ве прашам дали сте имале слично искуство, имам неискористени денови од стариот одмор поради породилно отсуство. Дали ќе ми пропаднат и дали има опција да се користат после 30ти јуни?
Ќе ти пропаднат. По закон се користат до 30.06. Евентуално ако не ти ги дадат на нивна добра волја без решение да ги користиш.
Пропаѓаат, освен ако не работиш во странство, а со колективен договор е определено да може се користи до 31 декември.
Здраво, дали некој знае дали би било проблем за исплата на надомест на плата за породилно тоа што во агенција за вработување се водам по старо презиме а на лична карта го имам новото презиме од сопругот?
Нема никаков проблем и мене личните податоци во фондот ми се видат на друго презиме и друга адреса, второ породилно земам без проблем.
На породилно сум од 08.04. а поднесов документи минатата недела. Заедно ли ќе ми исплатат за два месеци април и мај? И дали и за породилно се чека да се помине прво плата од фирма?
Не знам како исплаќаат, пример јас земав на 6ти јуни за мај ама знам дека прво мора плата од фирма да помине.
Ајде некој поискусен да ми каже договорот за работа ми завршува на 31 август, термин имам средина на октомври да речеме 15 се фаќа е сега можам да земам 45 дена пред термин или? И пошто не сакаат д аи продолжат договор ми рекоа да земна порано ако го поместам за неколку дена ќе се фатат тие 45 дена ама ако го надмосам на пример повеќе од 45 дена дали ќе фатам услов или ќе ми се скрати породилното не ми е јасно
При патолошка, породилно се отвара 45 дена пред терминот кога ти е предвиден, а не точниот ден кога ќе се породиш. Значи во 34та недела ти отвараат породилно, а ти може да се породиш во 39та, а може и во 42ра недела, тоа не може никој да знае.