Што се случува ако прекине договорот за вработување додека сте на породилно? Пример, договорот истекол, а дотогаш се поминати само четири месеци од отвореното породилно. Дали ќе продолжеш да земаш пари и да бидеш осигурана како вработена во следните пет месеци?
Отпусна листа од болницата од каде што си породена, ако се уште не си породена само им кажуваш да ти го отворат порано породилното.
И да се изгласа нешто ново, не стапува веднаш на сила, така да тие што се трудни во моментот кога се изгласува закон, најверојатно пак не би имале ќар од тоа.
Знае ли некој по породилното дали треба некаде нешто да се однесе, пријави... или само се враќаш на работа?
На самиот извештај кога отвараш породилно имаш завршна дата. Следниот ден си на работа. Исто како и било кое друго боледување од 2, 7 или 10 дена.
Здраво. Осигурана сум од 23ти јануари, а се породив на 23ти јули. Дали ми исполнувам услов за породилно?
Во закон пишува треба да имаш 6 месеци. Зависи како ги пресметуваат тие месеци, како 6 календарски месеци или 180 дена, и технички треба плус уште еден ден да се активира правото. Мораш да прашаш во фонд. Ако свртиш назад, една членка рече дека кога прашувала, еднаш и рекле едно, па другпат друго, и пак не дефиниравме кое е точното. Јас мислам дека се 6 календарски месеца, зошто во законот породилното отсуство е пишано како 270 дена а не 9 месеца.
Јас во денови имам 182 дена цели и 183тиот се породив. Во фонд на сопругот му кажаа еднаш дека вака е таман а еднаш дека можело системот да одобри а можело и да не одобри. Е сега како е точно не знаеме
Zdravo na site,posle kolku vreme isplakja fondot za porodilno otsustvo?na 17ti juli mi e otvoreno porodilnoto…