Имам само 6 месеци работен однос пред пораѓај, претходно 0. Од кои 12 месеци би ми зеле просек, дали тоа што има 6 месеци 0 па 6 месеци работен однос би влегло во просек?
Ако ме одјавиле на 30.09 и ме пријавиле на 01.10 (според аврм таму прашав сега така стои 30ти одјава 1ви пријава ) дали имам прекин? Фондот ќе ми дозволи породилно?
Немаш прекин, така се прави, одјава пријава во 2 последователни денови. Не може на 30ти да бидат двете, ако го работиш последниот ден од одјавата, не момеш истиот ден да го работиш и на новото место од пријавата. Јас бев одјавена на 14ти, пријавена на 15ти.
Дали породилното отсуство задолжително се отвара 28 дена пред терминот или може на денот на породувањето?
По закон е задолжително. Во пракса, ако си способна да работиш, повеќето работодавци дозволуваат да си одиш на работа до крај.
Не е битно тоа дали е кај истиот или различен работодавач. Ако е продолжување на договор обично не одјавуваат. Јас менував работно место, затоа имав одјава па пријава. Претходно кога ми продолжувале договор немало одјава, само кога ми се смени вработувањеро од определено на неопределено, и кога ми се смени работната позиција. Ама пак немаше прекин зошто се прави одјава и пријава во последователни денови.
Имаме покачување на плата, но нели мене тоа ќе ме следи на сметка кога ќе се вратам на работа. Инаку бев известена минатиот месец од ЧР дека имам покачување кое што важи од септември натаму, т.е колегиве со октомвриска плата ќе го земаат. На М4 образец кога тоа се менува? (Мислам беше М4 образецот кај што можеш да видиш плата), Не ми го објаснија тоа од чр, брзински беше разговорот. Дали се менува додека сум на породилно (секако сум под фонд и со решение од фонд земам пари, тука ништо не би променило) или станува променливо во истиот момент кога ќе ми заврши породилното? Дали некоја знае? Еве сега кредит ако сакам да земам и ако ми побараат потврда за плата од банка а јас сум сеуште на породилно, која плата ќе ми ја пишат од работа, старата или новата? Или каде можам сама да проверам кој ми е статусот на колку сум пријавена ако знае некоја. Прашувам тука, најактивна е групава, ако знае некоја. Фала
Жени може некој да ми објасни кои се процедурите после породување? Каде се оди? Што документи се поднесуваат за второ дете,за парична еднократна помош? Јас заборавив бидејки пред 3 години бев бремена.
Здраво девојки ,ме интересира дали доколку сум регистрирана како занаетчија дали мора да има навршени 6 месеци од работењето во фирмата за да се зема породилно?
Zenicki znae li nekoj oti nema porodilno za juni zemav na 22 avgust za juli na 26 avgust a a za avgust na 20 septemvri a za septemvri nema uste eve 25 ke e utre
Zdravo Me interesira dali ima nekoj iskustvo so prekin na porodilno otsustvo poradi promena od edno rabotno mesto vo drugo, koj e nacinot