едно прашање,бремена сум имам свој матичен но не одам кај него на прегледи туку на гак кај специјалист,ме интересира дали потоа би било проблем кога треба фа ми отвори боледување,бидејки не правам прегледи кај неа
Здраво девојки Сакам да прашам дали во тие 28 дена пред термин влегуваат и викендите или се рачунаат само работните денови?
Ме интересира за отворање на породилно ,не сакам да отворам 28 дена порано. Или на пораѓај или на термин барем пошо нели на природен не се знае може ќе е порано може ќе е покасно од термин... Е сеа со првото одморот тековен си го земав ама се породив порано и фактички ми дојде на ден на пораѓај да отворам и ми останаа некои 6 дена одмор кои фирмата ми ги важеше кога се вратив и ги искористив тогаш. Не знам како да правам сеа. Дали одморов пример да го земам 2 недели пред термин па ако заврши а да не сум породена да отворам породилно. Може ли така ? Или мора да е 28 дена или баш на ден на пораѓај и толку ?
Каква е процедурата за породилно, треба да најавам точна дата од кога би отворила породилно во фирмата да знаат? Го знам датумот од кога би се отворило породилното. Конкретно ме интересира што треба како информација од мене да ја имаат во фирмата, и во однос на документите ако може некој да ми појасни. Фала
Законот вика дека мораш на 28 дена пред термин да отвориш. И ако фирмата сака може да ти го наложи тоа зошто така е законски. Ама во пракса ако имаш одмор или ако можеш да работиш до крај, речиси никој не отвара порано породилно. Со првото дете јас работев до последно. Втора смена до 21ч, и во 23ч ми пукна водењак. На ден на пораѓај си отворив породилно. Одморот цел си го земав после породилното. Не мораш да им најавиш, ама логично е да кажеш. Генерално тоа е нешто што се планира, не е дека изненадно си родила бебе. Напрај си план и сподели го со одговорните. На работа се носи боледувањето од матичната што ќе ти го даде откако ќе се роди бебето. Пред тоа може да ти даде потврда дека е отворено, ако го отвориш пред пораѓање.
@Spidy епа тоа не ми е јасно шо ако го земам одморот и додека да трае не се породам а завршил... како можам да ги покријам тие денови
Кај мојата матична мораш да имаш најмалку 3 прегледи заведени во мајчина книшка за после да ти издаде потврди. Ова знам го потенцираше за пари што ги даваат од општината и социјално за раѓање на дете. За породилно веројатно мора да ти отвори ама сепак консултирај се.
Или да ти отвори општ матичен боледување, или да се вратиш на работа или породилно да отвориш за тие денови, друго нема.
Сакам да знам дали би ми прекинало породилното доколку почнам со работа во др фирма и бидам пријавена таму? Колку што јас знам мислам дека да, ама сепак ми треба некој што е поупатен.
Мислиш да почнеш со работа? Ако немаш прекин, со враќање на работа ти следува пола од породилното до крајот на 9те месеци, или да префрлиш на маж ти да доземе што ти останало од породилното, он да седи дома.
Дали може породилно да се отвори во ден недела? Боледувањето од матичен ми е до 5 април (сабота) од недела треба да отворам породилно.
Може. Во понеделник ќе ти го отворат со почеток од недела. Со првото дете се породив во среда, породилно кај матичниот гинеколог ми отворија во петок со почетна дата од среда.