Дали некој има порано затворено породилно? Се работи за 2-3 недели.. Како се исплаќа? Што треба да се поднесува?
Колку % од целата плата даваа породилно месечно? И колку вкупно е надоместок за 2ро дете? Знам дека беше 26.000 и нешто од социјално и нешто беше од општина. Некоја искуство со општина Аеродром? И каде се поднесуваат документи за општина, а каде за социјално надоместоците?
100% си е породилното. За ова со еднократните надоместоци има цела тема во категорија бебе пролистај има муабети и за општинските процедури и за од град скопје
100 % е од последната плата? А, ако има промени во платата, пример покачување на 3-4 месеци пред отварање на породилно?
Во фонд за здравство добиваат информации кога има покачување на плата? Јас сум сега на патолошка. Ќе го добијам од фонд покачувањето што го потпишав на работа?
Ако не си земала плата со покачувањето мислам дека не, затоа што во пресметката за породилно влегуваат исплатените нето плати. Најдобро прашај на работа да ти кажат за сигурно.
Ако си веќе на патолошка под фонд, нема да ти важи покачувањето. Веќе имаат пресметка колку ти се плаќа. Покачувањето ќе го добиеш кога ќе се вратиш на работа.
Здраво на сите. Дали има некоја од вас која што имала отворено породилно пред време? Би сакала да знам како оди процедурата дали треба да се достават некои документи сега и каде, или истите се носат отпосле откако ќе се породам здравје?
Земав плата со првото покачување, но тоа беше само 1 месец. Откако сум на патолошка, добив уште 2 покачувања..... Ќе прашам и на работа, ти благодарам.
Ти благодарам. Се јавив во фзо. Ми го потврдија тоа што ми го пиша за патолошката. Од податоците во УЈП софтверот пресметувал просек од 12 последни плати. Но, за породилното ми рекоа дека ќе ја добијам цела плата, вклучувајќи ги и покачувањата од оваа година.
Јас отворив на 3.6., со термин бев 28.6, а се породив на 25.6. На матичната кажав дека сакам од 3, на работа исто најавив дека после одморот во мај останувам на породилно од 3. Откако ќе се породиш, матичната дава документ и со тој и другите поднесуваш за исплата. Ама деновите се бројат од отворањето.
Hello Bremena sum 11 nedeli so bliznaci Termin mi e 24.10.2025 Prijavena sum od firma od 20ti Mart so cel da imam 6 meseci staz za porodilno. Prosekot za toa kolku kje iznesuva porodilno se smeta od site 6 meseci ? Kako se smeta
Prosek od poslednite 12 meseci na onaa suma na koja si prijavena odnosno na koja se plakjaat pridonesi za zdravstveno. Vo tvojot slucaj verojatno prosekot na 6 meseci
Да и во последните 12 месеци влегуваат и месеците од патолошката, со што го бута просекот на исплатата.
Кога најрано можам да отворам породилно, а да не сум породена се уште? 34+5 недела сум, следната недела влегувам во 9ти здравје, ама не можам веќе да седам на работа, мачно ми е многу.