Дали има рок за поднесување на барање за породилно, и дали има врска што бев на патолошка? Бебе е 12 дена, вчера поднесовме за извод, претпоставувам уште 10тина дена ќе чекам да излезе, ќе помине доста време додека да поднесам. А на породилно сум од 09.03.
3 месеца е рок за поднесување за се во фонд, било какво боледување, мислам дека само за поврат на средства е 6мес. Имаш време. Тоа што си била на патолошка само значи дека ќе касниш со прва исплата од породилното и најверојатно ќе земеш 2 наеднаш првиот пат.
Женски планирам да работам уште нареднава недела - 35та недела, потоа имам 13 денови одмор неискористен и ќе си отворам породилно од 5ти јуни. Краен термин ми е 21ви јуни / која е постапката со матичен по истек на одморот отварам и носам до сметководство документи или како оди?
Бидејки ќе го отвориш на почеток на месец, најчесто не ти треба ништо. Кога ќе се породиш ќе ти испринтаат извештај за боледување со почетна и завршна дата и тоа ќе го однесеш на работа. Ако инсистираат на работа одма нешто да донесеш, даваат или боледување само со почетна дата, или потврда за отворено породилно. Ама пак после пораѓај мора нов извештај. После тоа ти треба извод од бебето па се останато за да поднесеш за исплата. Прашај си на работа дали ќе ти носат, ама подобро е сама да се организираш за да знаес дека нема да се касни.
Здраво, Дали знае некој дали додека си на породилно отсуство смееш да престојуваш/живееш во друга држава? И дали треба да се извести ФЗО? Од причина што сопругот ми е упатен да работи во странство.
Здраво, ме интересира за породилно отсуство дали треба да имаме матичен гинеколог или можи и приватен да ни се потпиши за документи што ни се потребни, како оди процедурата ако некоја можи да ми објасни.
Ме интересира дали доколку сум хоспитализирана во болница и во меѓувреме се породам, породилното отсуство ќе започне од денот на прием, од раѓањето или веднаш после искористување на деновите одмор? Моментално користам денови годишен одмор. Матичниот гинеколог вели дека ќе започне од денот на прием доколку се породам, но не ми е логично.
Јас бев на работа до 21ч, во болница отидов во 23ч. Следниот ден се породив и од тој ден ми почна породилното. Тоа што си на одмор мислам дека не е важно, иста е ситуацијата како јас што сум била на работа последниот ден. Дури и да имаш прием рано сабајле, на извештајот не пишува саат, само дата. Ако си породена следниот ден, логично ми е да почне породилното од пораѓајот.
Јас користев одмор, требаше да бидам до 05.05 на одмор, ама ме примија во болница на 01.05 а се породив на 02.05. Породилното го отворив од ден на пораѓај.
Колку време се чека од поднесувањето на документите до прва исплата? И дали има врска што отворив 45 дена пред термин поради патолошката?
Јас бев надвор од МК на 6-7 дена, кога ќерка ми имаше 6 месеци, заедно со неа. Немав никакви проблеми. За подолг период не знам да ти кажам, но се надевам дека не би имала проблеми, иако би требало да си дома.